Трет ден од потрагата по исчезнатата Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите

March 28, 2024
1 min read

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да се потврди со кого контактирале во периодот кога девојчето исчезнало, јави дописникот на МИА од Белград.

Продолжувањето на потрагата ќе се врши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не се наоѓа на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.

Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.

Од МВР соопштија дека во текот на ноќта се појавила информација дека е пронајдена Данка Илиќ, која се покажала како неточна.

Според медиумите видео камерите во Бањско поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во правец на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.

Под сомнение се сите кои биле во непосредна близина на Данка Илиќ, што, како што се наведува, не значи дека се сметаат за виновни.

Во потрагата по двегодишното девојче, чие исчезнување беше пријавено во вторникот, учествуваа повеќе од 500 припадници на МВР, жандармеријата, полицијата од општа надлежност, Управата за криминалистичка полиција, Техничката управа, хеликоптерската единица, Одделот за вонредни ситуации, Управата за сообраќајна полиција, полициската управа во Бор, како и Горската спасувачка служба и членови на доброволната противпожарна единица.

Данка Илиќ исчезна во понеделникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата и била врзана во опавче.

Системот „Пронајди ме“ за прв пат е активиран во Србија во понеделникот, а како што е наведено на веб-страницата pronadjime.mup.gov.rs, девојчето има кафена коса и висока е околу 85 сантиметри.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Можно одложување на Планот за раст за Западен Балкан поради неусогласеност во ЕУ

Следно

САД: Извлечени две тела од уривањето на мостот во Балтимор

Latest from Blog

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране

Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. -Во гасењето се ангажирани три авиони

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и
Go toTop