Тренчевска: Како министер никогаш нема да ја доведам во прашање стабилноста на пензискиот фонд

August 20, 2023
1 min read

реклама



„Оваа влада има направено многу во делот на системски решенија кои ќе носат добри резултати на долг рок. Едно од првите системски решенија беше и методологијата за растот на пензиите, решение кое дава реални резултати. Во март 2022 година пензиите беа 9000 денари а сега најниската пензија е 12.500 денари додека во септември најниската ќе изнесува 13.200 денари“ истакна Тренчевска во дневникот на Телевизија 24.

Министерката за време на гостувањето ги истакна преземените мерки во текот на економската и енергетската криза и посочи дека тогаш на пензионерите од најранливата категорија им беа доделени финансиски средства од 3000 или 6000 денари согласно поставените критериуми. Исто така таа потсети и на социјалната реформа со која се воведе и социјалната пензија за оние лица кои ги немаат исполнето условите за пензија да можат да имаат месечен приход на своите сметки.

реклама

„Ниту како човек, ниту како министерка нема да го доведам системот за пензиско и инвалидско осигурување во состојба во која не може да ги исплати пензиите на ниту еден пензионер. Во 2019 дефицитот на фондот беше 47%, секоја година како Влада го намалуваме за моментално дефицитот да е една третина. Тоа се достигнува само со добри политики“ потсети Тренчевска.

Министерката истакна дека оваа Влада работи транспарентно и дека на следната седница на Влада ќе биде формирана работна група која ќе работи на нови сет мерки кои ќе ги помогнат ранливите категории на пензионери со средства кои ќе паднат директно на централниот буџет и на системот на социјална заштита. Тренчевска потсети дополнително и на буџетски средства од централниот буџет кои се наменети покрај социјалната поддршка за капитални инвестиции каде бенефит имаат пензионерите.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПМФЛ: Нов пораз на Вардар,триумф на Шлендија

Следно

Манчестер Јунајтед заинтересиран за Верати

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop