Трчање во зима: Зошто ова е одлична фитнес идеја?

December 12, 2025
1 min read

Кога температурите се приближуваат до нула, на повеќето луѓе им звучи непријатно да облечат патики, јакна и капа и да излезат на трчање.

Ако ги исклучиме страстните тркачи кои не се откажуваат од омилената активност ниту во зима, тренингот дома или во теретана навидум изгледа подобра опција.

Сепак, трчањето на студ има неколку неочекувани придобивки за организмот. Иако на прв поглед можеби не изгледа пријатно, има повеќе причини зошто токму зимата може да биде идеален момент да го вклучите џогирањето во вашата фитнес-рутина.

Покрај тоа, експертите тврдат дека трчањето на студено време е поздраво за телото отколку на топло – некои од придобивките се зголемено согорување калории и подобрување на расположението преку борба против сезонското афективно нарушување, познато како зимска меланхолија.

Трчањето на студ може да го забрза метаболизмот

Иако телото се загрева додека трчаме, истражувањата укажуваат дека изложеноста на ниски температури може да предизвика специфичен облик на термогенеза – зголемување на метаболизмот што се постигнува со активирање на посебно ткиво наречено кафеаво масно ткиво, кое помага во согорување на калории.

Позитивен ефект врз менталното здравје

„Runner’s high“ – термин што го опишува еуфоричното чувство што го искусуваат тркачите за време или по неколку истрчани километри – се јавува поради ослободување на ендорфини и ендоканабиноиди кои го намалуваат стресот и предизвикуваат чувство на среќа. Овој ефект се јавува во секое годишно време, но во зима може да биде уште покорисен, особено кај оние што страдаат од зимска депресија.

Редовното изложување на студ му помага на телото постепено да се прилагоди и да го намали стресниот одговор на зимските услови.

Како да се подготвите за трчање на студ?

Пред сè, проверете ја временската прогноза: трчањето по дожд или снег, особено за почетници, не е пријатно искуство и може да биде ризично ако немате соодветна обувка. Затоа, најдобро е да изберете ден без врнежи.

Експертите советуваат дека за време на трчање не ви треба подебела облека како за обично пешачење, бидејќи телото само ќе се загрее. Облечете се така како да температурата е околу 10 степени повисока од реалната. Направете и кратко загревање пред да излезете.

Кога станува збор за облека, важно е да се облечете во слоеви што ќе го заштитат телото, но ќе овозможат движење и проветрување. Термо-хеланки, маица со долги ракави што не впива пот и водоотпорна, ветроотпорна јакна се задолжителни. Иако памукот е пријатен материјал, не е најдобар избор бидејќи го задржува потта и ве лади. Потребни се и ракавици или маица што ги покрива дланките, бидејќи екстремитетите најмногу чувствуваат студ. Добра идеја е и специјална маска за лице, бидејќи студениот воздух може да предизвика кашлица и сушење на грлото.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мал авион се урна во Мавровско Езеро

Следно

Проданоски: Прилеп подготвен за големото чествување на Свети Никола

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop