Транс- култот стигнува и на Евровизија

April 28, 2023
1 min read

Овогодинешните ирски претставници на Евровизија, Wild Youth, неделава му дадоа отказ на нивниот креативен и денс директор, Иан Банам. Би било тоа банална вест, доколку не се знаеше причината за отпуштањето.

Банам направил фатална грешка коментирајќи го трансродовиот криминалец Зара Џејд. Тој неодамна беше осуден на девет години затвор во Велика Британија, откако избоде жена, ја врза за стол и ја опљачка. Гревот на Банам беше тоа што сторителот – 54-годишен маж – го нарече маж.

А како што знаат упатените, ова претставува бесрамно богохулење на од ЛГБТ каноните.

Кога Твитер коментарот на Банам излезе на виделина, Вајлд Јут побрзаа да го екскомуницирааат.

„Wild Youth е бенд кој се залага за единства и добрини“, објавија кај себе на Твитер. „Ги прекинавме сите врски со Иан Банам и нема да го имаме ни во близина на нашиот тим или евровизиското патување. Многу ни е жал за секој што е навреден од неговите коментари“.

Не требаше многу време ЛГБТ инквизицијата да му ископа и други еретички твитови на кореографот. Му најдоа дека слични непријатни коментари имал и за транс-иконата Дилан Малвени кој на ТикТок царува со гротескно навредливи пародии на женственоста а неодамна стана ноќна мора на Бад Лајт пошто им ја ничкоса пазарната вредност на компанијата откако го ангажираа како свое лице (Види: Трансџендер инфлуенсерот го издиша Бад Лајт).

„Можеби се прашувате како, освен заедничкото верување во натприродното, транс идеологијата се поврзува и со религијата“, пишува Роберт Џесел.

По него, надвор од некаков религиски контекст, тешко е да се разбере како е можно така страсно да се придржуваш до самоидентификацијата на некој маж а истовремено така лесно да ја пренебрегнуваш жртвата на една жена. 

И ЈК Роулинг (која е Сатана во очите на транс-активистите) ја отфрли „таканаречената добрина и инклузивност“ на прогонителите на Банам, нарекувајќи ја надмена и само-задоволна мизогинија. 

„Друга паралела со религијата е начинот на кој сепаратистичката транс секта ја презеде широката и умерена црква на лезбејската, геј и бисексуалната заедница. Сега дури ја анектира и Евровизијата – Велигден, Божиќ и Педесетница во едно.

Трансродовата идеологија има своја литургија („трансжените се жени“) и чуда (девственото раѓање е заменето со магична способност за промена на полот). Најлошо од сè, има мноштво ереси и армија самоназначени вештерки за да ги искорени“.

Некое време изгледаше како Западот да е на добар пат да ја остави религијата зад себе. На задоволство на секуларистите, се сметаше дека Бог е на смртна постела. Меѓутоа, неуспехот на атеизмот беше што ја игнорираше дупката во срцата која останува во недостаток на Бога. Ако не успееме да ја пополниме таа празнина со рационалност, во таа дупка ќе се собираат секакви отровни идеи“, пишува Џесел.

Патем ова е битангата Зара Џејд кој отпуштениот кореограф „несоодветно“ го именувал како маж:

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ го потврди состанокот на Вучиќ и Курти на 2 мај во Брисел

Следно

Свечено отворен ТЕКНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал на воздухопловство и технологија

Latest from Blog

Се запали галијата во реката Вардар во Скопје

Пожар вечерва ја зафати галијата кај Холидеј Ин која се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје, јавува МИА. Интервенирано било со противпожарно возило, и нема опасност за проширување. Причинета е

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните нс Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барањата

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања. Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“

ФФМ и Ла Лига ќе градат долгорочно партнерство

Можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, ги разгледаа денеска на средба во Скопје претставници на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и шпанската Ла Лига.

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга на коридорот 10

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Очекувам дека ќе има конкуренција

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински
Go toTop