ЕУ го потврди состанокот на Вучиќ и Курти на 2 мај во Брисел

April 28, 2023
2 mins read

Од двете страни се очекува да ја усвојат декларацијата за исчезнати лица како прва точка на дневниот ред, по што ќе следува презентација и дискусија за првиот нацрт на статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово

Портпаролот на Европската Унија (ЕУ), Петер Стано, денеска потврди дека на 2 мај во Брисел ќе се одржи средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од дијалогот за нормализација на односите. Двајцата лидери, како што беше соопштено, го потврдиле своето учество.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, на една од претходните средби/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Вучиќ и Курти, како што информираше Стано на денешната прес-конференција, ќе дојдат во Брисел на покана на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, кој заедно со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе одржи заедничка средба со лидерите чиј почеток е закажан во 18 часот на 2 мај.

На средбата ќе се разговара за имплементацијата на Договорот за нормализација на односите на меѓу Белград и Приштина.

Од двете страни се очекува да ја усвојат Декларацијата за исчезнати лица како прва точка на дневниот ред, по што ќе следува презентација и дискусија за првиот нацрт на статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство на Косово.

По завршувањето на средбата, како што се наведува, изјава ќе даде високиот претставник на ЕУ, Борел.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, денеска на прес-конференцијата во Брисел изјави дека ЕУ како посредник се обидува да им помогне на Белград и Приштина да постигнат напредок во дијалогот и да ги исполнат своите обврски.

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано/Фото: Архива

„ЕУ како посредник се обидува да им помогне на двете страни да постигнат напредок, да напредуваат во процесот на дијалог и да ги исполнат своите обврски. Заедницата на српските општини е нешто што е веќе договорено и треба да се спроведе, како и многубројни работи кои се договорени и треба да се исполнат. Одиме напред, правиме сè што можеме за да им помогнеме на двете страни да го направат потребниот напредок кон имплементацијата“,

рече Стано.

Тој не сакаше да ги коментира изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ и на косовскиот премиер Албин Курти во пресрет на средбата.

„Не ги коментираме изјавите што доаѓаат од која било страна, но со нетрпение го очекуваме дијалогот на високо ниво закажан за вторник овде во Брисел бидејќи тоа е платформа за разговори за проблемите и потенцијално изнаоѓање решенија“,

рече портпаролот.

Тој додаде дека ЕУ не шпекулира за прашања од типот „што ако“, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови состаноци и рокови во случај да нема напредок по прашањето за формирање на ЗСО.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

На средбата одржана на 18 март во Охрид беше постигнат договор и за анексот за имплементација на сите членовите од Договорот.

Лидерите не го потпишаа Договорот, но според претставниците на ЕУ и САД, и покрај тоа, двете страни се обврзани да ги спроведат сите точки предвидени во него.

Српските власти, сепак, редовно велат дека нема да ги спроведат сите членови од Договорот, особено оние поврзани со членството на Косово во меѓународните организации.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во завршна фаза е асфалтирањето улица ,,Козјак”

Следно

Транс- култот стигнува и на Евровизија

Latest from Blog

Грција утре го презема претседателството со Советот за безбедност на ОН

Поморската безбедност, заштитата на цивилите во време на војна, жените, мирот и безбедноста, децата во вооружени конфликти, но и војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и случувањата на Западен Балкан, ќе

Претседателот на ТИКА, Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во Кочани што се лекуваат во Анкара

СКОПЈЕ (АА) – Шефот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, ги посети пациентите повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани што се на лекување во главниот град

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица
Go toTop