Трамп ѝ се закани на Кина со екстремни царини: „Ова е единствениот услов“

August 26, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 200 проценти на кинеските стоки доколку Пекинг не обезбеди сигурни залихи на ретки земни магнети за САД.


– Тие мора да ни дадат магнети. Ако не ни ги дадат, ќе мора да им наплатиме царина од 200 проценти или нешто слично – рече Трамп во Белата куќа за време на состанокот со јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг.

Американскиот претседател призна дека ваквите екстремни мерки практично би ја запреле трговијата со Кина, но додаде дека такво сценарио би било прифатливо за САД, доколку е потребно.


Ретки земни метали – клучот за модерната технологија

Ретките земни метали се основни суровини за модерната технологија и се користат во производството на мобилни телефони, ветерни турбини, електрични возила и воена опрема. Магнетите направени од овие метали имаат особено важна улога. Кина е водечка земја во производството и преработката на ретки земни метали, додека САД се зависни од увоз.


Во услови на трговски конфликт, Пекинг претходно го ограничи извозот на ретки земни метали и магнети. Најновите забелешки на Трамп се во спротивност со помирувачкиот тон од август, кога тој објави 90-дневно продолжување на трговското примирје со Кина.

Во мај, САД и Кина се согласија да ги суспендираат троцифрените тарифи за да го поттикнат дијалогот за трговијата, снабдувањето со ретки земни минерали и пристапот до чипови за вештачка интелигенција. Кинеска делегација предводена од главниот преговарач Ли Ченганг ќе пристигне во Вашингтон оваа недела за понатамошни преговори, објавува „Волстрит џурнал“.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чоколадни коцки со лешници

Следно

“Едноставно Винисиус не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид!“

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop