Чоколадни коцки со лешници

August 26, 2025
1 min read

Неразделна комбинација на кремаста чоколада и печени лешници – совршен десерт за љубителите на богати вкусови. Подгответе го овој лесен, но импресивен десерт и изненадете ги блиските со домашно задоволство.

Состојки:

200 грама темно чоколадо
200 грама кондензирано млеко
200 грама лешници
Арома од ванила или рум (по желба)
1 лажичка цимет

Подготовка:

Испечете ги лешниците неколку минути во претходно загреана рерна на 200°C, потоа ставете ги во кујнска крпа и со триење отстранете ја лушпата. Доколку сакате, може да употребите помала количина или да ги замените со ф’стаци.

Загрејте вода во тенџере, а врз него поставете огноотпорен сад со искршено чоколадо за да се стопи на пареа. Откако ќе се растопи чоколадото, додадете го кондензираното млеко и мешајте додека смесата не се изедначи. По желба, додадете арома од ванила или рум и малку цимет или друг зачин.

Обложете мала тепсија со хартија за печење. Може да ги измешате сите лешници со чоколадната смеса или да истурите дел од нив во средината. Истурете ја смесата во тепсијата и израмнете. Оставете ја да отстои преку ноќ во фрижидер.

Наредниот ден исечете на коцки и послужете.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на директорот Живковски со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски

Следно

Трамп ѝ се закани на Кина со екстремни царини: „Ова е единствениот услов“

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop