Трамп рече дека заедно со Путин се согласиле да ги запрат крвопролевањата во руско-украинската војна

February 12, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека имал „долг и многу продуктивен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Анадолу.

„Разговаравме за Украина, Блискиот Исток, енергијата, вештачката интелигенција, моќта на доларот и разни други теми“, истакна Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Тој посочи дека секој од нив говорел за моќта на својата земја и за „големата придобивка“ што би ја имале доколку работат заедно.

„Но, прво, како што и двајцата се согласивме, сакаме да ги запреме милионите загинати во војната со Русија/Украина. Претседателот Путин дури го искористи моето многу силно мото од кампањата ‘ЗДРАВ РАЗУМ’. И двајцата многу силно веруваме во тоа.“

„Се договоривме да работиме заедно, многу блиску, вклучително и меѓусебни посети на земјите. Се договоривме и нашите тимови веднаш да започнат преговори, ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме украинскиот претседател Зеленски да го известиме за разговорот, нешто што ќе го направам во моментов“, додаде американскиот претседател.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возете внимателно: Врнежи од снег на планинските превои

Следно

Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер – ова се деталите

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop