Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов

March 12, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија.

– Се надевам дека ќе постигнеме прекин на огнот, им рече Трамп на новинарите, додавајќи дека „сега зависи од Русија“. – Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов, додаде американскиот претседател.

– Можеме да извршиме притисок врз Русија. Се надевам дека нема да биде потребно, но можеме да го направиме тоа на Русија, рече Трамп. – Можам да направам некои многу лоши работи финансиски за Русија, тие би биле многу погубни за Русија. Но, не сакам да го сторам тоа бидејќи сакам мир,  посочи Трамп.

Претходно денеска, мериканскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД во текот на денот ќе имаат контакт со руската страна и се надеваат на позитивен одговор од Москва.

– Силно ги повикуваме Русите да ги прекинат сите непријателства. Нема воено решение за овој конфликт,  рече Рубио. Тој потврди дека разговорите во Џеда вклучиле дискусии за тоа „како треба да изгледа преговарачкиот процес“, вклучително и „разговори за територијални отстапки“.

– Ако Русите одбијат, тоа ќе ни каже многу за нивните цели и начин на размислување, рече Рубио.

Рубио истакна дека на Украина и треба доволно силна заштита од идни напади. Тој додаде дека европските земји ќе мора да се вклучат во овој поглед. Рубио истакна дека договорот за минерални суровини не треба да се толкува како безбедносна гаранција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Георгиевски во Аргумент плус: Трговската војна ги погодува САД, ЕУ, Канада и Мексико, Европа е на удар бидејќи е веќе во криза

Следно

Митева: Последните инсталирани кадри на СДСМ и ДУИ во правосудството видоа дека сме сериозни во намерата и почнаа жестоко да се бранат, ќе продолжиме да бараме одговорност

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop