Георгиевски во Аргумент плус: Трговската војна ги погодува САД, ЕУ, Канада и Мексико, Европа е на удар бидејќи е веќе во криза

March 12, 2025
1 min read

Новинарот Борис Георгиевски во Аргумент плус рече дека за 30-дневниот прекин на огнот во Украина, најважно е како ќе реагира Русија. Тој додаде дека се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да има телефонски разговор со рускиот лидер Путин на кој ќе се разговараат детали. 

„За 30-дневното примирје на кое се согласи Украина ќе бидиме како ќе регира Русија, ќе видиме дали разговорот меѓу Трамп и Путин ќе се оствари, тоа е нова надеж за мир во Украина но и во Европа. Многу ќе зависи од администрацијата во Вашингтон бидејќи тие презаемаа обврска, преговара само со Уукраина, администрацијата на Трамп е во директен  контакт со Русија така што обврската е на САД да обезбедат услови за обезбедување на траен мир. Сега се зборува само за примирје.  ЕУ е исклучена од овие преговори и нема никаков збор, од она што слушнав од кабинетот на Зеленски, Украина сака ЕУ да биде вклучени во тие преговори. ЕУ се бара себе си најмногу поради политиките  на САД така што ЕУ мора да се најде себе си и безбедносно политички“, изјави Георгиевски.

Тој зборуваше и дека Светот е на раб на трговска војна.

„На праг сме и веќе е почната трговска војна и таа ги погодува и  САД, ЕУ, Канада, Мексико. Тоа е една купи ден продај политика и не знаете до кај ќе оди. Моите очекувања беа дека доколку ЕУ реагираа побрзо можеби нешто ќе се сменеше но таква е ситуацијата. Во овој момент Европа ќе биде удар бидејќи тие се веќе и во криза, Германија е во рецесија, ќе има сериозно проблеми и ќе видиме до каде ќе се оди. Падот на доларот и на берзите можеби на некој му одговара. Ако видите колку паѓаат акциите на Тесла ќе се зачудите бидејќи станува збор за големи средства но не гледам дека се нешто загрижени и претпоставувам дека има некаква логика колку и да е таа за обичниот свет чудна, претпоставувам има некаква позадина“, додаде Георгиевски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије го поздравува прифаќањето на прекинот на огнот од страна на Украина

Следно

Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов

Latest from Blog

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат

Хаос по смртта на најмладиот крал на светот: Како тоа не знаевме дека има син?

Претседателот Јовери Мусевени беше меѓу собраните на аеродромот Ентебе за да им оддадат почит. Кралот Ојо Њимба Кабамба Игуру Рукиди IV почина минатата недела во Соединетите Држави на 34-годишна возраст откако беше
Go toTop