Трамп најави нови санкции и царини против Русија

March 7, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување нови санкции и царини против Русија по новите руски напади врз Украина во текот на ноќта.

„Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп.

Во пораката тој ги повика двете страни да преговараат.

„До Русија и Украина – седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!“, порача Трамп.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кристиновска во Аргумент плус: Не смееме да си дозволиме нарушувања на односите со САД и ЕУ

Следно

Бојковска: Рекорден буџет за 2025-та година за подобрување на младинскиот стандард

Latest from Blog

Go toTop