Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

July 3, 2026
1 min read

 Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар.

„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Трутх Социал, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара,- – изјава  Трамп на Трут сошијал.

Ваквата реторика дополнително ги разнишува трансатлантските односи во момент кога сојузниците треба да разговараат за зголемување на одбранбените трошоци од сегашните 3 на 5 отсто од БДП во наредните години, зајакнување на воените капацитети и барање на излез со војните во Украина но и Иран.

Дополнително, во Анкара, се очекува Канада да предложи иницијатива за формирање на т.н Банка за одбрана – нова меѓународна финансиска институција чија цел ќе биде дополнително да ги поддржи одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, институцијата првично би располагала со финансиски капацитет од околу 133 милијарди долари, а засега 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, која според сегашните планови, на институцијата би можело да се приклучат дури 40 земји.

Засега, не се споменуват кои земји би членувале во оваа институција, кои би биле обврските но и какви кредити односно дополнителни инвестиции од сегашните воените капацитети на државите членки ќе се вршат покрај сегашните одвојувања кои се прават од буџетите на сојузниците.

Од друга страна Македонија, како што истакна неодамна министерот за одбрана Владо Мисајловски, веќе издвојува 4% од БДП за НАТО вклучително и за инвестициите во коридорите 8 и 10.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ер трактор“ полета кон пожарот на штипскиот Исар, огнот се приближил до куќите

Следно

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Latest from Blog

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за
Go toTop