Трамп бара судењето за прикривањето на доверливи документи да биде по претседателските избори во САД

July 11, 2023
1 min read

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп побара од федералниот судија кој е назначен за случајот за задржување на доверливи документи во неговиот дом во Флорида, да го одложи одредувањето на датумот и предложи судењето да биде одржано по претседателските избори во земјата закажани за 2024 г.

Во документите, поднесени од страна на адвокатот на Трамп се бара судијката да не одредува конкретен датум за почеток на судењето за доверливите документи, се додека не завршат главните барања за предистражниот процес, бидејќи не е познато колку долго тоа може да трае

„Судот, со должна почит, треба, пред да одреди каков било датум на судење, да остави време за разјаснување на обемот на барањата што ќе бидат поднесени“,

се вели во поднесокот.

Инаку, Трамп е обвинет за прикривање на информации за националната одбрана, вклучително и американски нуклеарни тајни и планови за одмазда на САД во случај на напад, што значи дека неговиот случај се разгледува според правилата утврдени во Законот за процедури на доверливи информации

Обвинението има и делови кои се однесуваат и на тоа што тој ги лажел истражителите и се обидел да ја попречи истрагата на тој начин што му сугерирал на неговиот адвокат да ги „скрие или уништи“ или да им каже на истражителите дека ги нема документите.

Трамп претходно беше обвинет и од Окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порноѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Песков: Турција не треба да има илузии дека еден ден може да стане членка на ЕУ

Следно

Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Хрватска: „Силен удар, а потоа силно тресење“

Latest from Blog

Божиновска: Со понискиот ДДВ го намалуваме ударот од цените на горивата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека Владата ја продолжи мерката со која ДДВ за дизелот се задржува на повластена стапка од 10 проценти, до 12 октомври. Божиновска

Мурињо требало да биде тренер на Барселона во периодот пред Гвардиола да пристигне на „Камп Ноу“

Приказната на Жозе Мурињо со Барселона можела да тргне во сосема поинаков правец. Долго пред да стане еден од најголемите ривали на Каталонците како тренер на Реал Мадрид, португалскиот стручњак бил исклучително

74 милиони денари промет на Македонската берза, МБИ10 со минимален пад

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.09.2026 заврши со минимален пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.722,45 поени. Во
Go toTop