Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага

March 1, 2023
1 min read

Во Македонија секој ден се покажува дека не можеме да одиме напред. Премиерот вели уште појако одиме кон Европа, мнозинството е стабилно, прашувам како кога гласаа прво 64 пратеници, а сега само 62 пратеници. Во секој случај несериозноста се покажува на дело, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа за именување на заменици министри.

Спомнавте реформи, рече Трајанов, но очигледно нема да можете да донесете ниту закон.
„Се пофали премиерот со плати и пензии повисоки, но никако да каже за инфлацијата. Инфлацијата ги изеде платите и пензиите. Колку и да го зголемувате ако не надмине зголемувањето 30 проценти се друго не значи ништо“, рече Трајанов.

Пратеникот укажа дека освен несериозност во политиките, има несериозност и во ова што ни се нуди како кандидати за заменици министри. Трајанов се осврна на состојбите во земјоделието.

„Предлагате инспектор за земјоделие може да биде било кој како тој ќе ја извршува работата. Предлагате заменик министер со завршено школо за книжевност. Министерот е правник. Вие значи предлагате луѓе кои нема да знаат што да прават и во вакви услови ни велите реформи какви реформи“, рече Трајанов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка: Не може да продолжиме како ништо да не се случило

Следно

Анастасија исчезнала после сударот на возови во Грција: Неутешните родители молат за помош

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop