Грчкиот министер за транспорт поднесе оставка: Не може да продолжиме како ништо да не се случило

March 1, 2023
1 min read

Ова се нарекува политичка одговорност, вели грчкиот министер

Константинос Караманлис / Photo: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

По стравотната железничка несреќа во Грција во која загинаа најмалку 36 патници, грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис денеска попладне поднесе оставка.

Поднесувањето оставка, вели тој, е најмал знак на почит кон жртвите.

„Кога ќе се случи нешто толку страшно, не може да продолжиме да се однесуваме како да не се случило ништо. Долги години не се занимавав со политика, но довербата на граѓаните во политичкиот систем ја сметам за суштински дел од нашата демократија. Ова се нарекува политичка одговорност“,

рече Караманлис изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Железничката несреќа се случи синоќа при судир на патнички и товарен воз. Покрај загинатите, десетици други патници се ранети. Грчите медиуми пишуваат дека се очекува бројот на жртви дополнително да се зголеми. Ова беше најсмртоносната железничка несреќа во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

(ВИДЕО) Возовите што се судрија во Грција возеле со брзина од 160 километри на час: Повеќето загинати се млади лица

Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

Мицотакис од Лариса: Можам да гарантирам само едно – ќе ја дознаеме причината за трагедијата

Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца мажи се степале во Илинден

Следно

Трајанов: Ковачевски има несериозни политики, ама несериозен е и со замениците министри кои ги предлага

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop