Трагедија: Сопственикот на Милвол загина во сообраќајна несреќа

July 5, 2023
1 min read

Сопственикот и претседател на лондонски Милвол, Џон Берилсон (70) загина во сообраќајна несреќа, објави денеска англискиот фудбалски клуб, кој настапува во Чемпионшип лигата, а изминатата сезона беше на чекор до плејофот за пласман во Премиер лигата.

Берилсон, кој е роден во Бостон, зад себе ги остави сопругата Ејми и децата Џенифер, Џејмс и Елизабет. Детали од несреќата не се познати, а англиските медиуми јавија дека станува збор за „трагична несреќа“.

„Со колективно скршено срце и најдлабоко жалење ја објавуваме смртта на нашиот сакан сопственик и претседател, Џон Берилсон. Беше навистина голем човек, неверојатно посветен на своето семејство и личност со широка душа, топлина и добрина. Живееше исполнет живот, полн со бои и радост. Под негово водство Милвол постигна огромен успех и стабилност“, соопшти клубот од Лондон.

Американскиот бизнисмен првпат се вклучи во клубот од Чемпионшип со седиште во југоисточен Лондон во 2006 година. Го презеде кога клубот испадна во третата лига, а изминатите години Милвол беше стабилен второлигаш.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лажеа за Авганистан. Лажеа за Ирак. Сега лажат за Украина.

Следно

Курти одби утре да се сретне со Рама во Приштина, бара одржување на седница на двете влади

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:
Go toTop