Тошковски во 24 Отворено: „Сејф сити“ ќе работи со факти а не врз основа на тоа дали возачот се познава со полицаецот или инспекторот

January 22, 2025
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во Отворено рече дека системот сејф сити“ до Нова Година, најпрво ќе се имплементира во Скопје, Куманово и Тетово и ќе функционира врз основа на праведност и факти а не врз основа на тоа дали возачот се познава со полицаецот, командирот или инспекторот. Според него, со воведувањето на сејф сити“ граѓаните ќе имаат позитивен заклучок и ќе сфатат дека на таков начин се приближуваме до европските стандарди.

Со воведувањето на ‘Сејф сити’ во првите македонски градови ќе има еден пробе пеиод каде што прекршоците ќе бидат забележувани но граѓаните нема да се казнуваат туку ќе добиваат опомени. Тоа е поради тоа што сакаме тие да стекнат доверба во системот“, рече Тошквски во гостување на 24 тв. и додаде дека системот постепено ќе го има низ цела држава бидејќи сите граѓани подеднакво заслужуваат нормален возен ред.

Тошковски потенцираше и дека пред казната да стигне дома, оној што направил прекршок ќе добие порака на телефон и ќе може да ја плати казната веднаш. Тој додаде и дека за почеток прекршоците ќе стигаат и на емаил адреса.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вистинска негрижа во Фудбалската Академија – ФФМ објави снимка од ужасот во спортската институција! (ВИДЕО)

Следно

Спасувачите го пронајдоа телото на вториот исчезнат рудар

Latest from Blog

Легендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC Легендата на Премиерлигата, Џејмс Милнер, се врати во Ливерпул. На крајот од минатата сезона, Џејмс Милнер ја заврши својата 24-годишна кариера како рекордер со најмногу одиграни натпревари во Премиерлигата. Милнер не

Најмалку 21 жртва во страшна сообраќајна несреќа во Јужна Африка

Несреќата се случи во недела навечер во покраината Западен Кејп помеѓу малите градови Принц Алберт и Лиу-Гамка, околу 380 километри источно од Кејптаун, соопшти Корпорацијата за управување со патниот сообраќај, пренесува АП.
Go toTop