Тошковски: Полицијата со зголемено присуство за време на празниците со цел обезбедување на безбедноста и спокојот на сите граѓани

December 15, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска кај Сити Мил ги посети полициските службеници кои работат во делот на превенција и во рамките на планот за засилено присуство на полицијата на терен.

Тошковски истакна дека во рамки на активностите коишто се преземаат од страната на Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје во тек се две редовни активности коишто се преземаат, едната од страна на Одделението за превенција, другата во рамки на засилените безбедносни мерки коишто се преземаат поради новогодишните празници и зголемената фреквенција на движење на македонските граѓани во рамки на сите места како трговски центри и други места кои се повеќе посетени за време на празнците.

-Првата акција којашто ја спроведуваме е во делот на превенцијата и во комуникација со граѓаните укажуваме на сето она што може да настане како штетна последица од употребата на петарди и пиротехнички средства. Разговараме и вршиме едукација на сите граѓани посебно на помладите и малолетниците со цел да се намали и спречи користењето на овие забранети пиротехнички средства и да избегнеме било какви последици и повреди по никого од нив. Втората акција се однесува на засилено присуство на полициски службеници во сите места каде што има зголемено присуство на граѓани како што се трговските центри и шопинг молови. Воедно комуницираме и во координација сме и со приватното обезбедување на таквите објекти со на спречување или што е можно побрзо откривање на било каков криминалитет тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва па и форми на повисок криминалитет ако се појават. Полицијата е целосно фокусирана и посветена на вкупната безбедност на сите граѓани, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски воедно изрази благодарност и кон полициските службеници коишто активно секојдневно учествуваат во ваквите активности и ги чуваат граѓаните и нивниот мир и во овие празнични денови и истакна дека македонската полиција останува постојано во секој момент на терен да ја чува безбедноста и да ги презема сите оние дејствија за кои е платена од своите граѓани.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Реално намалување или лажна „кошничка“?! СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни обвинувања

Следно

Предупредување за еколошка катастрофа поради трупови на улиците во северниот дел на Газа

Latest from Blog

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

ХАОС ВО ИТАЛИЈА – Градовите „паѓаат“ еден по друг, властите алармираат: ЗА ДВА ДЕНА ПОЧНУВА ПЕКОЛОТ

Министерството за здравство на Италија денеска соопшти дека 17 од 27-те најголеми италијански градови за два дена ќе бидат во црвена фаза на аларм поради горештините, како и дека топлотниот бран што

Божиновска: Енергетската стабилност е клучна за економски развој

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како

Берзански ден во црвено: МБИ10 се намали за 0,53%, Блок-трансакција од речиси 5 милиони денари ја одбележа денешната трговија на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.651,64 поени. Во однос на претходниот
Go toTop