Предупредување за еколошка катастрофа поради трупови на улиците во северниот дел на Газа

December 15, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинските власти издадоа предупредување дека бројните трупови на улиците во северниот дел на Појасот Газа, каде Израел продолжува со интензивните напади, може да доведат до еколошка катастрофа, известува Анадолу.

Мухамед Афес, шеф на Канцеларијата за медицинска помош во Газа, изјави дека има многу недостапни тела на улиците во северниот дел на Појасот Газа.

„Оваа ситуација може да доведе до голема еколошка катастрофа“, изјави Афес.

Тој нагласи дека е недоволен бројот на медицински персонал и медицински материјали во Газа.

Афес предупреди дека Израел продолжува да ги таргетира болниците и медицинските тимови и дека лекарите не можат да даваат услуги во северниот дел на Газа, потенцирајќи дека нема повеќе хирурзи кои би ги вршеле критичните операции на тешко повредените луѓе.

Тој посочи дека Светската здравствена организација (СЗО) обезбедила многу мала количина гориво и медицински материјали за регионот.

Во октомври 2023 година, Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа, во која досега се убиени повеќе од 44.900 луѓе, главно жени и деца.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тошковски: Полицијата со зголемено присуство за време на празниците со цел обезбедување на безбедноста и спокојот на сите граѓани

Следно

Тошковски: Уапсени четири лица во Струга и Гостивар, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop