Реално намалување или лажна „кошничка“?! СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни обвинувања

December 15, 2024
1 min read

Партиски препукувања за новогодишната кошничка. За едните таа е измама и нема никакво намалување на цените во малопродажбата, додека за другите, тоа е реалност и видливи биле намалените зени на околу 1000 производи кои се опфатени со кошничката.

СДСМ обвинува дека, наместо реални мерки за подобар живот за граѓаните, владата на чело со Мицкоски им овозможила на трговците да се богатат на грбот на граѓаните. Од помпезно најавуваната есенска кошничка добивме само раст на инфлацијата во месец ноември од 4,3%, велат од СДСМ.

Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените. Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат само касите на трговците, изјави Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.

СДС го покачи ДДВ за прехранбени производи и убедуваше дека чипсот е нездрав и луксузен продукт, а со Новогодишната кошничка за прв пат се опфатени 1000 производи, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на Костова. Од владејачката партија додаваат дека за разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за раздвижување на економијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ воедно обвинија дека за време на владеењето на СДСМ, 500 илјади македонски граѓани биле оставени на раб на сиромаштија кои денот го поминувале со 150 денари, пензионерите протестирале пред влада со празни тегли, бидејќи како што велат, пензиите кои што им ги даваше владата на СДС не им стигаа дури ниту за зимница да си направат.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако забележат граѓаните измами со цените од „Новогодишната кошничка“ да пријават на 191

Следно

Тошковски: Полицијата со зголемено присуство за време на празниците со цел обезбедување на безбедноста и спокојот на сите граѓани

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop