Тошковски најави засилување на видео-надзорот и присуството на полициски службеници откако двајца првооделенци се обиделе да силуваат соученик

October 12, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик.

Во одговор на новинарско прашање, Тошковски вели зголемувањето на видео-надзорот и присуството на полициски службеници нема да ги реши ваквите девијантни појави, но ќе допринесе за зголемување на безбедноста на граѓаните.

– Многу ми е жал што е случен таков настан и што е споделен со јавноста, бидејќи станува збор за малолетници. Искрено целокупната јавност е згрозена од ваков тип на настани. Министерството за внатрешни работи во делот на негова надлежност ќе постапи во иднина во насока на она што сметаме дека треба да биде темел на идната работа на полицијата, а тоа максимално засилување на целокупниот видео-надзор и присуството на полициските службеници на терен. Но, тоа нема да ги реши овие девијантни појави и да ги искорени, но во секој случај ќе допринесе да ја зголеми безбедноста и да овозможи на граѓаните да се чувствуваат побезбедно. Овој тип на девијантни појави имало и ќе ги има, наша работа е да сториме сѐ што е во наша надлежност за да ги спречиме од аспект на преземање на конкретни дејствија, рече Тошковски.

Според Кривичниот законик, додаде, малолетниците немаат кривично-правна одговорност, така што, рече подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции.

– Мислам дека подетална надлежност за овој тип на предмети имаат други институции, отколку Министерството за внатрешни работи, затоа што станува збор за малолетници, деца кои што немаат кривично-правна одговорност согласно Кривичниот законик, рече Тошковски.

Според соопштението на МВР, двајца првооделенци од училиштето „Димитар поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, завчера, со тврд предмет се обиделе да силуваат свој соученик. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко.

– Во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него, стои во соопштението на МВР.

Според информации на Сител телевизија, детето веднаш ја информирала наставничката, но таа не превзела ништо. Пријавата во полиција пристигнала во вторникот доцна попладне, откако бил извршен лекарски преглед врз детето.

Одговорниот наставник на одделението беше суспендиран, додека против четири наставници ќе се поведе дисциплинска постапка. Директорот на училиштето даде оставка од морални причини, а на негово место е псотавен нов в.д. директор.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Немам информации за средба со Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам

Следно

Таравари најавува нов закон: „Сите констатираа дека Балансерот не функционираше како што треба“

Latest from Blog

Ханси Флик отпиша тројца играчи на Барселона

Според шпанските медиуми, веќе е јасно кои играчи нема да бидат во плановите на тренерот на Барселона Ханси Флик за следната сезона, а списокот веројатно ќе биде уште поголем. На листата на

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД

И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција. Според објавата на Министерството за

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси сите пацинети со инфлуенца на кои им треба болничко лекување се невакцинирани
Go toTop