Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија во Кочани преку изготвување на незаконски документи

March 19, 2025
1 min read

Денешната отворена постапка против седум полициски службеници е дека помогнале дискотеката „Пулс“ да добие активна лиценца, а немала исполнета основни услови, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за причините поради кои дојде до големата трагедија во Кочани.

Меѓу нив има главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Штип и самостоен инспектор кои констатирале дека дискотеката „Пулс“ ги исполнила законски услови во делот на заштита на јавен ред и мир.

Третиот и четвртиот осомничен како началници на Одделението за полиција во СВР Штип и началник на СВР Штип одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое констатирале дека ноќниот клуб ги исполнува законските услови, а не извршиле целосна проверка пред да ја одобрат позитивната согласност за лиценца.

Лицата во моментов се носат пред надлежен судија во рамки на претходна постапка. Досега во притвор се 18 лица.

-Ова се лицата кои што потпишале, овозможиле и допринеле да се случи ужасната трагедија со изготвување на незаконски документи, додадев Тошковски.

Според него, овие дејствија се преземани за издавањето на лиценцата од 2023 година.

Првиот полицаец исто така информира дека досега вкупно 26 лица се поврзани со трагедијата во „Пулс“, но и дека со нив не се затвора списокот на осомничени. Истрагата ќе потрае и понатаму.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“

Следно

Ерменскиот премиер изрази подготвеност за потпишување нацрт-мировен договор со Азербејџан

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop