Манев вели дека Палевски ја сликал Вања со вперен пиштол: „Пиштолот и моторолите ги уништи послушник на Палчо“

March 19, 2025
1 min read

Денеска во кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Сведочеше Велибор Манев, кој одговараше на прашања на Палевски.

Манев рече дека Палевски ја одлепил сивата трака од устата на Вања, и потоа ја сликал со вперен пиштол.

„Откако ја уби, во сино ранче го спакува пиштолот, трите мотороли и нареди на свој послушник да го уништи пакетот“, рече Манев, кој кажа дека не го споменал досега овој момент, за да го заштити човекот кому му било наредено да го уништил пакетот.

– Палевски ја одлепи лентата од устата на Вања за да ја слика. Ја сликаше со пиштолот вперен во Вања, за родителите што побрзо да дадат пари – рече Манев.

Палчо потоа го праша колку луѓе го тепале во полициска станица, за да признае дека Александар е вмешан.

„Во првите 5-10 дена беше страшно, помислував да се самоубијам. Потоа се проретчи“, рече Манев.

Манев додаде дека е свесен дека направил голема грешка со тоа што го посочил Александар, под присила од ќотек, одговарајќи на прашање од адвокатот на Палевски, Јовица Страшевски.

Страшевски му посочи дека со лажниот исказ Манев ја загрозил истрагата.

– Значи вие посочивте лице кое не е виновно, а криевте друго лице, за кое велиtе дека ви било жал да ја поминува истата голгота? – рече Страшевски.

– Си нанесов душевна болка со тоа што го посочив Александар. Не ја попречува истрагата и не ѝ наштетив на истрагата. Многу жалам за тој исказ за Александар, кој беше изуден со ќотек – рече Манев.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопственикот на фирмата која раководела со „Пулс“ во Кочани однесен за Литванија

Следно

Тошковски: Началници и инспектори допринеле за ужасната трагедија во Кочани преку изготвување на незаконски документи

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop