Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку апликацијата SKY, сите што треба завршуваат во затвор

November 8, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.

„Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.

„Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот.“, дециден беше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Отворена е сезоната на македонски верски слави – помеѓу традиционалното и автентичната вера

Следно

Лашоска: Мерките за намалување на ризикот од катастрофи на локално ниво се од суштинско значење за заштита на заедниците

Latest from Blog

Пожарот од струмичка страна е локализиран и нема повеќе опасност за куќите во Баница

Пожарот во струмичко е ставен под целосна контрола, нема опасност по населени места ниту по околните викендици, соопшти вечерва Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Градоначалникот на Струмица, Костадин

Ердоган учествуваше на онлајн состанок на европските лидери за Украина и одбраната

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска учествуваше на онлајн​​​​​​​ состанок на европските лидери, јавува Анадолу. Ердоган на состанокот учествуваше од палатата „Долмабахче“ во Истанбул, придружуван од турскиот министер за

Лондонскиот аеродром Хитроу обнови некои летови по прекинот на електричната енергија

ЛОНДОН (АА) – Лондонскиот аеродром Хитроу соопшти дека ќе продолжи со некои летови во текот на денот по престанокот поради прекинот на електричната енергија, известува Анадолу. Портпаролот на Хитроу се извини за

Удрено 12-годишно девојче на „Партизанска“ – возачот уапсен

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко

Марш во Прилеп: Мртвите најгласно молчат

Вечерва во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од
Go toTop