Тоневски по 100 дена: Финансиска консолидација и нови инвестиции за Пробиштип

February 26, 2026
1 min read

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, во телевизиско гостување на регионалната ТВ Стар посветено на отчетот за првите 100 дена од мандатот, говореше за финансиската состојба во општината, економските приоритети и капиталните проекти што следуваат.

Тој истакна дека е наследен долг од речиси 61.770.000 денари, што претставува значителен товар ако се има предвид дека буџетот за 2026 година изнесува околу 117 милиони денари. „Скоро половина од буџетот или 1,5 милион евра, Општина Пробиштип должи кон разни изведувачи, добавувачи, правни и физички лица“, рече Тоневски, додавајќи дека ваквата состојба е изненадување за граѓаните, особено по претходните изјави за ликвидноста на општината.
Градоначалникот најави финансиска стабилизација, враќање на наследените долгови, но и продолжување со реализација на започнатите проекти, дел од кои веќе се отпочнати и покрај неповолната градежна сезона.

Како клучен приоритет го посочи економскиот развој.„Додека сум градоначалник, во Пробиштип повеќе нема да има простор да дојде инвеститор да побара парцела, а да не може да добие“, изјави Тоневски, прецизирајќи дека станува збор за лесна и незагадувачка индустрија, бидејќи, како што рече, „на нас ни е доста од загадувањето“.
Во таа насока, општината започнува постапка за изработка на нов Генерален урбанистички план (ГУП), а паралелно ќе се изработуваат и детални урбанистички планови (ДУП-ови) кои треба да се усогласат со актуелните потреби. Распишана е и тендерска постапка што опфаќа индустриски развој и зони за лесна и незагадувачка индустрија.

 

Градоначалникот најави и мерки за поддршка на младите. „На младиот човек Општина Пробиштип ќе му овозможи парцела, ослободување од комуналии, за минимални трошоци да има сопствена парцела и да му помогне да си направи сопствен дом“, истакна тој.

Во делот на животната средина, како клучен капитален приоритет ја посочи санацијата на старата јаловишна депонија. За реализација на овој проект, како што нагласи, неопходна е поддршка од централната власт. Тоневски информираше дека веќе одржал состаноци со Министерството за животна средина и со раководството на Владата за изработка на заедничка стратегија, како и дека ќе се ревидираат постојни проекти за аплицирање до европски фондови.

Во однос на патната инфраструктура, тој посочи дека со ЈПДП се разговара за ревизија и реновирање на патниот правец Пробиштип – Пониква, при што ќе се разгледува дали ќе се заврши постојната траса или ќе се врати на првичната. За патниот правец Пробиштип – Свети Николе, Тоневски рече дека е вклучен во владината програма и во програмата на ЈПДП, со најава за санација по најнови стандарди. Според него, овој пат би го скратил растојанието до Скопје за околу 25 километри, што има значење и од аспект на регионалната депонија што треба да биде лоцирана на тој правец.

Со ова гостување, градоначалникот оцени дека првите 100 дена биле период на стабилизација и поставување насока за економски и урбан развој на Пробиштип.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подобро управување со водните ресурси: Битола дел од меѓународен проект

Следно

Меси ги излуди навивачите во Порторико

Latest from Blog

Виљареал победнички на „Сан Мамеш“!

ФОТО:.facebook.com/ATHLETICCLUB/ Виљареал продолжи одлично да игра оваа сезона, една од најдобрите сезони во последните десет години. Овој тим славеше во Билбао со резултат од 1:2 и со тоа да биде многу, многу

Трамп: САД веднаш ќе забрани влез и излез во теснецот на секој брод што му платил на Иран

Американската делегација на чело со Потпретседателот Џ.Д. Венс пред да го напушти Исламабад потврди дека не успеале да постигнат договор. „Имавме голем број суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата

Муцунски се сретна со Албанско-американскиот совет

Советот за албанско-американски односи беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, на состанок во САД. Меѓу другото, се известува дека било разговарано и за прашањето за
Go toTop