Трамп: САД веднаш ќе забрани влез и излез во теснецот на секој брод што му платил на Иран

April 12, 2026
1 min read

Американската делегација на чело со Потпретседателот Џ.Д. Венс пред да го напушти Исламабад потврди дека не успеале да постигнат договор.

„Имавме голем број суштински разговори со Иранците, тоа е добрата вест. Лошата вест е дека не постигнавме договор. И тоа мислам дека повеќе е лоша вест за Иран, отколку за САД. Значи, се враќаме на тоа дека САД не постигнаа договор. Ставивме до знаење за тоа кои се нашите црвени линии, за кои сме подготвени да се прилагодиме, а за кои не. Истото го ставиме до знаење колку е можно појасно, но тие одбија да ги прифатат нашите барања.“-потпретседателот Џ.Д. Венс.

Иранското министерство за надворешни ги оцени разговорите како „интензивни“ и го повика Вашингтон да се воздржи од „прекумерни и незаконски барања“. По неуспешните преговори со Иран во Пакистан, Американскиот Претседател Доналд Трамп на truth social најави дека САД почнува со блокада на бродовите во Ормутскиот теснец. „Никој што плаќа нелегален данок нема да има безбеден премин на отворено море. Исто така, ќе почнеме да ги уништуваме мините што ги поставиле Иранците во теснецот.“ се вели во објавата на Американскиот претседател.

Останува неизвесно како ќе се одвива кревкото двонеделно примирје, каде очигледно клучен е бродскиот транспорт на нафта низ Ормутскиот теснец. Претходно , Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец е во нивни раце, а секој обид воени бродови да минат низ него ќе биде строго казнет. Техеран најави дека за преминот низ овој стратешки воден пат ќе се наплаќа во иранска валута, Ријал.

Сепак, дел од аналитичарите сметаат дека со оглед на маратонските преговори, можно за некои одредени работи да има и приближување на ставовите..

„Очигледно е дека двете страни се обвинуваат меѓу себе за пропаѓањето на преговорите. Но, тешко е да се очекува лесна разврска на проблемите кои траат 47 години наназад и истите да се решат за десетина часа директни преговори – тоа е преголемо очекување. Очигледно е дека сме каде што сме и сегашната загриженост е дали војната ќе продолжи, особено што Орумтскиот теснес во Иран ќе станува ќе биде точка на жариште.“- –  Касра Наџи, Аналитичар за ББС.

Целосно отворање на Ормутскиот теснец за меѓународен поморски сообраќај и влијанието на Иран врз оваа стратешка рута за транспорт на нафта, производството на нукклеарно оружје и замрзнатите ирански средства од околу  27 милијарди долари во банките низ светот, се меѓу најклучните точки за неусшешните преговори меѓу САД и Иран, во Пакистан.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски се сретна со Албанско-американскиот совет

Следно

Pishina në Kërçovë nuk u hap! Zv/ministrja e Sportit tha se do të inagurohej për 10 ditë, kaluan 18

Latest from Blog

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop