Том Круз доби почесен „Оскар“

November 17, 2025
1 min read

Се работи за познатите „Гувернерски награди“, па синоќа, 63-годишниот актер се качи на сцената со музиката од филмот „Невозможна мисија“ во позадина, и со голем аплауз од неговите колеги. Во текот на вечерта, почесни „Оскари“ им беа доделени и на глумицата Деби Ален, сценскиот дизајнер Вин Томас и кантри-пејачката Доли Партон, која беше наградена за нејзината хуманитарна работа.

И покрај четирите номинации за вистинскиот „Оскар“ во минатото – за улогите за филмовите „Роден на 4 Јули“, „Џери Мегваер“ и „Магнолија“, и како продуцент за „Топ Ган: Маверик“ – Круз сè уште не ја освоил престижната награда.

„Гувернерските награди“ ги организира Одборот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, со цел – признание за придонесите во филмската индустрија и за животно дело. Настанот некогаш беше дел од програмата за доделување на Оскарите, но беше одвоен во 2009 година, и оттогаш, говорите на свеченоста не се временски ограничени. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најавена средба на претставници на Јапонија и Кина со цел смирување на тензиите

Следно

Николоски: Ја избравме Европа за партнер во реализацијата, инвестираме неколку милијарди евра во капитални проекти

Latest from Blog

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат

Општина Битола: Електронско јавно наддавање за закуп на општински простор на Широк Сокак

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола.  Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop