Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

June 13, 2026
1 min read

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – Предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје.

Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да се искористи потенцијалот на обновливите извори на енергија, но дека поставувањето батериски систем е многу посложено од градење сончева електрана.

,,Батериските системи се сложен енергетски објект, кој треба правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми, и најважно-дневно да се управува“, – истакна Анѓушев, кој нагласи дека е многу важно инвеститорите да проценат кој ќе им го инсталира батерискиот систем, кој ќе се грижи за истиот, кој дневно ќе го програмира за полнење и празнење и конечно, кој ќе им ја откупува произведената и складирана електрична енергија.

 

Тодор Анѓушев даде конкретен пример преку батериските системи на ФЕРО ИНВЕСТ кои се веќе реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

ФЕРОИ НВЕСТ во 2025г. го изведе првиот батериски систем во Македонија кој беше поставен на сопствена електрана, и кој според новите законски одредби, единствен имаше градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија.

ФЕРО ИНВЕСТ досега учествуваше во изведување на над 250 MWh (мегаватчаса) батериски системи за сопствените електрани и за електрани на клиенти.

Во реализација се уште околу 70 MWh батерии.

На панел-дискусијата на ФЕИТ учествуваа и претставници од клучните институции и компании во енергетскиот сектор: Електродистрибуција, МЕПСО, МЕМО, ФЕРО ИНВЕСТ и Интебако.

На дебатата се потенцира дека батеријата овозможува електричната енергија да се складира во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и да се користи или продава во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката на енергија и пазарните цени се драстично повисоки.
На овој начин батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Безбедноста на граѓаните е наш приоритет – почнува поставувањето на „легнати полицајци“

Следно

Коњановски: Со 4,8 милиони денари ќе се набавуваат електрични велосипеди за граѓаните

Latest from Blog

ВЛЕН: ДУИ го блокира Законот за правична застапеност од политички причини

Прес конференција на Дритон Сулејмани, ВЛЕН  Што дочекаа Албанците? Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да руши еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор. Зошто? Заради

Современите технологии го менуваат рударството – професорката Лепиткова посочува пример од Иловица

Проектот за рудникот „Иловица–Штука“ предвидува примена на технологии кои денес се користат во современото рударство ширум светот, велат претставници на стручната јавност. Според професорката Соња Лепиткова, претседателка на Македонското геолошко друштво, една

Официјално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција

Фудбалската Федерација на Франција предмалку во своите простории свечено го претстави новиот селектор на репрезентацијата во името на легендарниот Зинедин Зидан. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, за Франција и да
Go toTop