„Тоа се мали партии со големи комплекси“ – Груби за знамето со „голема Албанија“ во Тетово и реториката на Касами

August 26, 2023
1 min read

реклама



Тој настан и вокабулар е само за самофакторизирањеи служи на некои кои што не посакуваат добро ниту на Албанците, ниту на државата. Треба да се ингорираат како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои што се провокација за интегративниот пат на нашата земја. Ова е одговорот на првиот вицепремиер Артан Груби за реториката на градоначалникот на Тетово Билал Касами за знамето со карта на Голема Албанија, поставено за време на пуштањето на изградена улица.

„Тоа се мали партии, со големи комплекси. Се надевам дека никој од вас, ниту институциите, ниту медиумите, нема да им дадат можност да се факторизираат преку мали гестови да станавуваат големи партии. Беспотребна иконографија, која што служи на сите, освен не на, ниту на Албанците, ниту на Македонците и на било кој во нашата држава, посебно не, кога во нашата земја пристигна висок гостин од Стејт Департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме такво нешто да ја дефокусираме јавноста“, вели Артан Груби.

реклама

А, во текот на вчерашниот ден, за време на свеченото пуштање во употреба на улицата, Касами беше прашан за ова. Тој вели дека ова е реакција на граѓаните на провокацијата од страна на властите, односно судските покани за него и за градоначалникот на Чаир, за случувањата при посетата на косовскиот премиер Албин Курти на овие две општини на почетокот на месец авгус.

„Тоа е реакција на граѓаните за односот што власта го има кон нив. Значи, ова нема врска со општината, со нашата организација, тоа што има врска со нас е промовирање на овој пат, како што нема врска поканата до мене и општината во делот на организацијата на настанот во Тетово“, вели Биљал Касами.

реклама

Касами доби судска покана за 15-ти семптеври, како што самиот потврди, за настаните и организацијата на пречекот на Албин Курти во Тетово на почетокот на месец август. Касами порача дека нема да се појави во суд, со одговор, јас не одам, а тие знаат каде сум.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Откриено прво погребување од неолитот во Пелагониско

Следно

Хеликоптер на МВР исфрли над 60 тони вода, извлечени пет пожарникари кои беа обиколени од огнот во Чешиново-Облешево

Latest from Blog

ВИДЕО: Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење!

Пожар кај с. Марвинци во Валандово, гори сува трева и ниска грмушка, информираат од ЦУК. На терен интервенира Територијалната противпожарна единица Валандово со едно противпожарно возило и двајца пожарникари. Пожар кај с.

Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по повод посетата на еврокомесарката Марта Кос во Скопје и одржувањето на Самитот ЕУ –

Челникот на Комисијата на турскиот Парламент, Октај: „Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот“

ТИРАНА (АА) – Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Фуат Октај, изјави дека Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот, јавува Анадолу.

Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од
Go toTop