Tешки метали го убија живиот свет во Крива река, контаминирани земјоделски површини и дворови

March 29, 2025
2 mins read

Се излеало цијанид, олово, фосфор и азот – не се тоа електролити, тоа се опасни хемикалии кои можат да бидат и смртоносни. Еколошка катастрофа која може да има сериозни последици како по здравјето на човекот така и по животните и животната средина.

Од Обвинителството за ТВ 24 велат дека не е исклучена и веројатноста за кривична одговорност. 

„Основното јавно обвинителство Куманово кое го покрива подрачјето на Крива Паланка е запознаено со настанот и е во комуникација со надлежните институции и органи. Ќе бидат испитани сите околности и евентуална кривична одговорност.“ – велат од ОЈО за ТВ24. 

Од О2 Иницијативата децидни дека, надлежните институции вклучувајќи ја и Владата, треба сериозно да ја сфатат оваа катастрофа која може да има далекусежни последици и веднаш да постапат. Од О2 иницијативата велат дека крикот на градоначалникот Сашо Митовски треба да биде сериозно поддржан и да се утврдат во детали одговорностите и кривично да се гонат сите кои тоа го дозволиле.

Вака не изгледа неселективна борба со корупција, вака изгледа меѓупартиска пресметка која продолжува да генерира невини жртви во Македонија и да се коцкаат со нашите животи, реагираат од Зелен хуман град. 

„Имајќи предвид дека се работи за потенцијални кривични дела, бараме Министерството за внатрешни работи по службена должност да започне истрага и да покрене соодветни постапки вклучително против актуелни функционери ако коалицијата ВЛЕН-ВМРО која е моментално на власт сака да почне да наликува на администрација која навистина работи во корист на граѓаните, а не за лични интереси кои нас, обичните смртници, нѐ чинат животи!“ – реагираат од Зелен хуман град.

Од СДСМ  бараат темелна и итна истрага за целиот случај и утврдување кривична одговорност. 

„Итно испитување на сите реки и води кои се во допир со водите од Крива Река, вклучително и делови од Пчиња и Вардар. Потенцираме и укажуваме дека можеби храната која јадеме е под ризик. Објава на сите инспекциски извештаи поврзани со рудникот Тораница. Оставка од пратеникот Емил Спасовски, кој свесно ширеше дезинформации и ја минимизираше катастрофата. Одземање на еколошката дозвола на Булмак 2016, поради сериозни и повторени прекршувања. Доста беше молк. Доста беше заштита на бизнис интереси на штета на животната средина и здравјето на граѓаните. Државата мора да покаже капацитет – или ќе има правда, или ќе има соучесништво. СДСМ нема да дозволи овој случај да помине тивко. Ќе бараме одговорност – до крај.“ – велат од СДСМ 

Реагираат и од Левица, од каде велат дека власта го крие труењето на народот – олово, арсен и цијанид во Крива река.

„Излевањето на токсичен рударски отпад во Крива Река од рудникот „Тораница” е директен резултат на криминалната спрега меѓу власта и бизнис-елитите! Независните анализи потврдија алармантни концентрации на тешки метали: олово, арсен и цијанид кои претставуваат сериозна закана за здравјето на жителите и животната средина, но институциите прават сè за да го прикријат злосторството! Министерот за животна средина, Изет Меџити, не само што ја дозволи оваа катастрофа, туку и се обиде да ја заташка, тврдејќи дека станува збор само за “заматување на водата.” – велат од Левица. 

Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека компанијата  БУЛМАК од  Пробиштип подружница  на Рудник Тораница е казнет а со 200 илјади евра за инцидент во кој пукнала цевка, кој според нив претставува, прекршок од трета категорија.  Од таму појаснуваат дека станува збор за технолошка вода која не содржи хемиски средства.  

Од БУЛМАК 2016, рудник „Тораница“ за телевизија 24 велат дека ќе чекаат официјални резултати па потоа ќе излезат со свој став.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вардар славеше во Битола

Следно

Бројот на загинати од земјотресот во Мјанмар се искачи на повеќе од 1 000, продолжува потрагата по преживеани

Latest from Blog

Почнува уписот во средните училишта за 2025/2026 – од утре прво електронско пријавување во јуни

Од утре (14 јуни) до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година. 

Претседателот на иранскиот Парламент, Калибаф, изјави дека ќе му се одмаздат на Израел

ТЕХЕРАН (АА) – Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Бакер Калибаф, во врска со нападите на Израел изјави: „Нападот врз населбите покажа дека криминалниот ционистички режим е најбрутален непријател на секој поединец од

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Со гордост објавуваме дека Флекс Кредит, еден од најбрзо растечките брендови во индустријата за финансиските услуги, го прошири своето присуство и на пазарот во Црна Гора. Овој важен чекор претставува продолжение на

Почнува уписот на средношколците

Почнува уписот на средношколците, информира Министерството за образование и наука. Од утре, 14 јуни, до 17 јуни на полноќ е рокот за првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во
Go toTop