Бројот на загинати од земјотресот во Мјанмар се искачи на повеќе од 1 000, продолжува потрагата по преживеани

March 29, 2025
1 min read

Нов земјотрес со јачина од 5,1 степени според рихтеровата скала утрово го погоди Мјанмар. Епицентарот на земјотресот, според податоците на европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Бројот на загинати во земјотресот од 7,7 степени што го погоди Мјанмар во петокот надмина 1.000, додека повеќе од 2.376 лица се повредени. Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките операции се во тек. Во земјата веќе почнаа да стигаат странски спасувачки тимови кои ја надлетуваат областа за да помогнат во потрагата по преживеани. 

– Не знам каде ми се пријателите, моето момче не знам каде е и моето дете. 

– Ќе бидам овде да помагам се додека сум потребн. Сите помагаат.

Земјотресот го погоди Мјанмар вчера околу 12:50 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на околу 16 километри од Мандалеј, вториот по големина град во земјата. Во Мандалеј, како што пренесуваат светските медиуми, спасувачите се обидуваат да стигнат до лица кои  што се заробени под урната зграда. Во текот на ноќта екипите  успеале да извлечат 50 лица од зградата. Мјанмар бара интернационална помош за да се справи со ситуацијата. Обединетите нации пак велат дека се загрижени што помошта не допира до оние на кои им е потребна во Мјанмар. 

– Секоја земја и организација и секој во земјата е поканет да помогне во овие тешки времиња. – Мин Аунг Халинг.

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди  дека тие ќе пратат помош во Мјанмар. Америка се  обидува да воспостави односи со војската на Мјанмар откако претходно ги санкционираа нејзините функционери.

– Разговарав со претставници на властите на Мјанмар по силниот земјотрес што  ја потресе земјата. Ќе помогнеме. – Доналд Трамп претседател на САД.

Земјотресот од Мјанмар го погоди и Тајланд, над 50 луѓе се под урнатините, најмалку 10 луѓе загинаа, земјотресот уништи две згради и урна облакодер во изградба во главниот град Бангкок.

– Никогаш во милион години не би помислила дека вакво нешто може да се случи. Мојата внука е исчезната, не знам каде да ја барам, дали воопшто ќе ја најдам. Само седима сега и се молиме. – Бусари Маункпин-тетка на исчезнато девојче во Банког.

– Многу од моите колеги се таму под урнатините. И многу луѓе починаа. Сега чекам овде со нивните фамилии. Надевајки се дека ќе видам некој жив извлечен од под урнатините. – Тун Линг Анг.

Американскиот геолошки институт проценува дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10.000 а американскиот геолог Џес Феникс за Си Ен Ен изјавил дека „Силата ослободена од ваков земјотрес е еквивалентна на околу 334 атомски бомби“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Tешки метали го убија живиот свет во Крива река, контаминирани земјоделски површини и дворови

Следно

На голема церемонија устоличен поглаварот на Албанската православна црква г. Јоан

Latest from Blog

ПРАТЕНИЧКАТА ХЕЛЕН ХЕЈНС ОСТАНА БЕЗ ДВЕТЕ НОЗЕ, напаѓачот се соочува со тешки обвиненија

На независната пратеничка Хелен Хејнс ѝ беа ампутирани двете нозе откако во понеделникот беше намерно прегазена со автомобил, потврди нејзиниот сопруг Фил Хејнс. Поради нападот, 43-годишниот Брендан Нуџент денес беше изведен пред

Селекторот Лазаров одреди список од 35 ракометари за квалификациите за ЕП 2028, на него е и Горига

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари за почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Од оваа група ќе бидат избрани

Николоски: Со Турција имаме голем потенцијал за нови инвестиции и посилна економска соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Компанијата 4iG IT Ltd. дел од 4iG Групацијата и Министерството за јавни работи на Црна Гора потпишаа договор за дигитализација и технолошка модернизација на институциите задолжени за спроведување на законот и граничната

Зеленски: Украина сака што поскоро да ја заврши војната со Русија и е подготвена за преговори

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека на средбата со американскиот претставник Стив Виткоф е постигнат вистински напредок и дека предлозите за мир ќе бидат доставени до руската страна, пишува Би-Би-Си. Зеленски потврди
Go toTop