Тензиите и понатаму големи меѓу Тајланд и Камбоџа по граничните судири

July 25, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Тензиите по должината на тајландско-камбоџиската граница и понатаму се големи по неодамнешните смртоносни судири во близина на областа на храмот Та Муен Том, нo денес не се пријавени нови борби, јавува Анадолу.

Тајландската воена разузнавачка служба тврди дека убила најмалку 24 Камбоџанци, претежно војници, во воздушните напади и артилериското гранатирање, иако камбоџиските власти сè уште не го потврдиле ова.

Според безбедносната единица на Вториот армиски регион на Тајланд, жртвите настрадале помеѓу вчерашниот ден и утринава за време на нападите во кои биле уништени и три минофрлачи од 100 милиметри, објави тајландскиот медиум „Каосод инглиш“.

Сепак, Анадолу не можеше независно да ја потврди изјавата.

Камбоџиските власти денес соопштија дека е убиен еден монах, а петмина цивили се повредени во тајландското артилериско гранатирање врз покраината Одар Минчи.

Тајландското Министерство за здравство вчера соопшти дека најмалку 14 лица се убиени, меѓу кои и едно дете, по еднодневните воздушни и ракетни напади меѓу Тајланд и Камбоџа, но официјалните лица тврдат дека ситуацијата на границата „се смирила“.

Пријавеното мирување по должината на границата се случи откако малезискиот премиер Анвар Ибрахим разговараше со тајландските и камбоџиските колеги Фумтам Вечајачаи и Хун Манет, повикувајќи ги завојуваните страни да прогласат „итен прекин на огнот“.

По нападите имаше раселување на луѓе од двете страни на границата.

Двете страни, исто така, ги затворија училиштата.

Последниот судир се случи еден ден откако тајландски војник ја загуби ногата во експлозија на мина.

Тајландската армија ги обвини камбоџиските трупи дека отвориле оган врз база на тајландската армија во област во близина на древниот храм Та Муен Том, кој се наоѓа на спорна територија на југот на тајландската покраина Сурин.

Камбоџа и Тајланд ги намалија дипломатските односи на најниско ниво последните децении откако тензиите меѓу двете земји почнаа да се зголемуваат од 28 мај, кога војниците разменија оган во близина на границата, при што загина еден камбоџиски војник.

Двата соседа од Југоисточна Азија имаат спорна граница што се протега низ камбоџиската покраина Преах Вихер и североисточната покраина Убон Рачатани во Тајланд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на лични податоци

Следно

Кривична пријава за поранешната директорка на Специјализираната болница Отешево

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop