Кривична пријава за поранешната директорка на Специјализираната болница Отешево

July 25, 2025
1 min read

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.П. (68) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д. (60) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Од Секорот за односи со јавност на СВР Битола информираа дека првопријавената, како директорка на Специјализираната болница Отешево, во текот на 2022 и 2023 година склучила три договори на дело со лице од Ресен, од кои, потпишала само два, додека третиот е потпишан од трето лице, за негово работно ангажирање за изведување на градежни активности, но лицето воопшто не било присутно и ангажирано во установата.

Директорката, користејќи го задолжениот токен, во текот на наведениот период ги одобрила и потпишала налозите за исплата од жиро сметката на установата, за сума во вкупен износ од 145.904 денари, со што му нанела штета на Министерството за здравство.

Второпријавената како правник и советник за човечки ресурси ги изготвила конкретните три договори на дело, без согласност од лицето, ги искористила неговите лични податоци и број на трансакциска сметка од банка, со што преку исплата на финансиски средства, по основа на фиктивно извршени услуги, на установата и нанела штета во износ од 145.904 денари, соопштија од СВР Битола.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тензиите и понатаму големи меѓу Тајланд и Камбоџа по граничните судири

Следно

Земјотрес на Лефкада во Грција

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop