Тензично на Косово – сликани српски знамиња во Косовска Митровица искречени во бело

August 8, 2024
1 min read

Србите кои се вработени во јавните институции во Северна Митровица, Косово денеска  протестираа пред полициската станица во општината. Поради апсењето на двајца српски политичари Александар Арсенијевиќ и Стефан Велковиќ од Српска демократија.Нивната поддршка попладнево беше доволна за тие да бидат пуштени на слобода.

– За вакви луѓе знаеш што правиш и знаеш дека ја правиш вистинскала, правилната работа. Луѓе, ви благодарам. Да не беше вашата поддршка можеби ќе гниевме во затвор. – вели Александар Арсенијевиќ политичар.

Меѓу демонстрантите беа и  лидерите на Српската листа, водечката партија на Србите на Косово, која ја уживаат поддршка на официјален Белград. Според информациите Арсенијевиќ ги попречувал работниците на општина Северна Митровица и ги одбивал наредбите на полицијата. Двајцата се уапсени во близина на главниот мост на реката Ибар.

Како што се дознава тие политичари биле против пребојување на веќе обоените српски знамиња во близина на мостот. Апсењато на двајцата политичари се случува во моментот кога во Северна Митровица се води расправа за отворање на мостот на Ибар на што се противат локалните Срби и меѓународната заедница. На дебатата учествувале претставниците на оваа општина и на Владата на Косово. Елберт Красниќи, министерот за администрација на чоклана самоуправа пред присутните рекол дека мостот ќе стане симбол за нормализирање на односите во Косово, што ќе придонесе за олеснување на контактите на граѓаните на југот и северот.

– Сега е апсурдно да продолжиме да го држиме мостот затворен. Отворањето не е и нема да биде против никого. Да, државата гарантира дека ќе биде на врвот на својата должност да обезбеди јавната безбедност во секој агол на Косово да биде на ниво на кое граѓаните се безбедни. Овде има историја на немири, закани и поттикнувања, но мостовите имаат цел зашто се градат: да ги обединат деловите што се одвоени.“ – вели Елберт Красниќи министер за администрација на локалната самоуправа.

Сепак претставник на партијата Српска демократија, кажал дека не  поддржуваат отворање на мостот поради безбедносни причини. Инаку и вчера дел од Србите протестираа во Северна Митровица, противејќи се на отворањето на мостот што ја дели Јужна Митровица со албанското мнозинство и Северна Митровица, каде живее мнозинската српска заедница.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЈУБИЛЕЈНИОТ 15. МАКЕДОКС СО АКЦЕНТ НА ФИЛМСКИТЕ АРХИВИ, ПРЕМИЕРА ЌЕ ИМА И ДОКУМЕНТАРЕЦОТ НА КОТЕВСКА „ПАТУВАЊЕ ПЕШ“

Следно

ЦУК: Во комбинирана акција на Галичица, спасена туристка од Чешка

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop