Тензично на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Законот за бранители никако да стигне до дневнит ред

November 7, 2024
1 min read

Пратеничката од СДСМ, Јованка Тренечвска, на денешната седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади не и дозволи на претседателката на Комисијата Илире Даути да го утврди дневниот ред без претходно тој да биде надополнет со законот за бранителите.

Барањето дневниот ред да се дополни со Законот за бранители, Тренчевска го образложи со членот 131 од Деловникот на Собранието, потенцирајќи дека материјалот е во процедура и предлогот треба да се стави на гласање, објаснувајќи дека со законот се опфатени правата од социјална заштита за бранителите и нивните семејства. 

И претседателката на Комисијата Илире Даути од Европскиот фронт, која ја прекина седницагтга, се повика на членови од Деловникот. Смета дека поминати се сите рокови за дневниот ред на Комисијата да може да се надополни со Законот за бранители.

„Ставовите 1 и 2 од членот 176 од Деловникот, седницата на матичното работно тело за закон по скратена постапка се свикува и започнува веднаш, но не подоцна од 24 часа ниту порано од шест часа, а ќе заврши во рок од три дена од започнувањето“, го цитира Даути Деловникот. Даути се повика и на членот 9 од Уставот дека сите граѓани во државата се рамноправни.

Пратениците на СДСМ го поднесоа законот во Собранието во јули, а тој беше ставен на дневен ред на седница во септември. Ја мина потребата за негово носење, но не беше ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика во предвидениот рок, а сега веќе за тоа нема можност, според објаснувањето на претседателката Даути.    

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ: Средба Мицкоски – Макрон во Будимпешта

Следно

Мицкоски од Будимпешта: Ќе продолжиме да се бориме за Македонија, и во неделите, месеците, годините коишто ни следат, мора да успееме!

Latest from Blog

5000 САДНИЦИ НА ГОТЕН: „БУЧИМ“ И ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЈА ОБНОВУВААТ ОПОЖАРЕНАТА ПОВРШИНА

Како дел од долгорочните активности за обновување на шумскиот фонд, „Бучим“ и ЈП „Национални Шуми“ на 25 април реализираа пошумување на Готен со 5000 садници. На планината Готен, над селото Јаргулица, на

УНИ Банка перпетуални обврзници, Комерцијална банка и Македонски Телеком со најголем промет, МБИ10 се намали на 9.940,70 поени (-0,18%)

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 30.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.940,70 поени и забележа пад од 0,18%, односно 18,32 поени,

ВИДЕО – Коњановски: Инвестиции во спортот – нови игралишта и затворен базен во „Даме Груев“

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека општината заедно со Владата на Македонија сериозно вложува во развојот на спортската инфраструктура, со посебен акцент на училишниот спорт и условите за младите. Тој

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

(Скопје, 30 април) – Стручни лица од повеќе институции во Македонија кои работат со деца и родители/згрижувачи со предизвици во грижата како резултат на трауматски искуства во детството, како и професионалци од

Македонците во Албанија на 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец

На 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец! На 10 мај (недела), со почеток во 11:00 часот, во селото Туминец ќе се одржи свечено откривање на споменик посветен на
Go toTop