Screenshot

5000 САДНИЦИ НА ГОТЕН: „БУЧИМ“ И ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ ЈА ОБНОВУВААТ ОПОЖАРЕНАТА ПОВРШИНА

April 30, 2026
1 min read

Како дел од долгорочните активности за обновување на шумскиот фонд, „Бучим“ и ЈП „Национални Шуми“ на 25 април реализираа пошумување на Готен со 5000 садници.

На планината Готен, над селото Јаргулица, на 25 април беше реализирана значајна еколошка акција, при што ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш и ЈП „Национални Шуми“ заеднички пошумија над 2 хектари опожарена површина.

Во рамки на акцијата беа засадени околу 5000 автохтони садници, вклучувајќи црн бор, чемпрес, јасен, јавор, албиција и багрем, со што се поставуваат основите за постепено обновување на шумскиот екосистем во овој дел од земјата.

 

 

Акцијата обедини вработени од рудник Бучим и ЈП „Национални Шуми“, како и локални жители од с. Јаргулица и околните населени места, испраќајќи порака за заедничка одговорност и активна грижа за природата.

Посебен акцент беше ставен на изборот на медоносни видови садници, со што покрај обновата на шумскиот фонд се создаваат и дополнителни придобивки за локалните пчелари и биодиверзитетот во регионот.

Активноста се реализираше со стручна поддршка од ЈП „Национални Шуми“, кое го обезбеди садниот материјал и ја водеше реализацијата согласно утврдените шумскостопански практики, додека рудникот обезбеди логистичка поддршка и активно учество на своите вработени.

Директорот на ЈП „Национални Шуми“, Здравко Трајанов, истакна дека обновата на опожарените површини е процес со долгорочно значење кој бара стручен пристап и координирана реализација, нагласувајќи дека ваквите партнерства претставуваат пример за добра пракса.

Заменик генералниот директор на Бучим, Ивица Карапетров, потенцираше дека компанијата преку вакви активности дава конкретен придонес кон заштитата на животната средина и останува посветена на иницијативи со долгорочен ефект.

Оваа акција претставува дел од поширока иницијатива за континуирано пошумување и почеток на долгорочна соработка за обновување на опожарените површини во радовишкиот регион, со јасна цел – враќање на природната рамнотежа и создавање зелена иднина.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНИ Банка перпетуални обврзници, Комерцијална банка и Македонски Телеком со најголем промет, МБИ10 се намали на 9.940,70 поени (-0,18%)

Следно

Чеферин потпиша меморандум со КАФ

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop