Screenshot

Македонците во Албанија на 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец

April 30, 2026
1 min read

На 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец!

На 10 мај (недела), со почеток во 11:00 часот, во селото Туминец ќе се одржи свечено откривање на споменик посветен на македонските херои од ова село: Мире Андоновски, Косте Митревски, Ванко Цветковски, Софре Јанкуловски, Славе Трајчевски, Божин Вурмовски, Павле Вурмовски, Павле Милалевски, Кране Тасевски, Трајче Трајчевски, Дријо Вурмовски, Петре Војовски, Ѓорѓија Кацелија, Ванко Мишовски, Мито Милевски, Петре Митревски, Милан Кацелиновски, Казија Андоновски, Јонче Веловски и Алекс Михал, учесници во партизанските единици на Народноослободителната војска на Македонија за време на Втората светска војна.

На свеченоста е најавено присуство на премиерот на Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.

По повод настанот, Васил Митре изјави дека откривањето на споменикот претставува значаен чин на почит кон македонските борци од Туминец и долгогодишно очекуван момент за локалното население.

„Среќен сум што конечно ќе го откриеме споменикот посветен на македонските борци од Туминец. Ги поканувам сите Македонци кои имаат можност да присуствуваат на свеченото откривање. Потекнувам од патриотско семејство. Мојот дедо, комитата Јоаким Митре, бил осуден на 101 година затвор за време на отоманското ропство, додека мојот татко Коста беше учесник во македонските партизански одреди и се бореше за ослободување на Македонија. За време на режимот на Енвер Хоџа, тој помина 25 години во албанските затвори како македонски патриот. Повеќе од 20 години барав од Општина Пустец да го изгради овој споменик. Му благодарам на премиерот Христијан Мицкоски што го прифати моето барање при неговата посета на Пустец минатата година и помогна во неговата доизградба“, изјави Митре.

Јордан Јанкула, советник од Македонската алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Пустец, ги повика сите Македонци кои имаат можност да присуствуваат на свеченото откривање на споменикот.

„Нашето село Туминец дало значаен придонес во ослободувањето на Македонија од нацизмот и фашизмот. Мојот дедо Совре Јанкула се борел како партизан за слободата на Македонија, додека неговиот зет Јордан го жртвувал својот живот за македонската идеја, минувајќи низ албанските затвори. Со изградбата на овој споменик им оддаваме заслужена почит и се одолжуваме на овие храбри борци за слободата на Македонија“, изјави Јанкула.

Изградбата на споменикот е иницијатива на Македонската алијанса за европска интеграција, како единствена македонска партија во Албанија, а неговата реализација е поддржана од повеќе чинители, меѓу кои премиерот Христијан Мицковски, политичката партија Левица, група Македонци од Прилеп, градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, како и самата општина.

Иницијативата за изградба на спомен-обележјето беше најавена на 11 мај 2023 година, на изборен собир во Туминец, од страна на претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој тогаш истакна дека станува збор за повеќегодишно барање на Македонците од Туминец и дека проектот ќе се реализира во соработка со општината.

На истиот собир се обрати и тогашниот министер за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, кој потенцираше дека во Преспа живее македонска заедница со свој јазик, идентитет, култура и традиција, оценувајќи ја како значајна вредност во мултикултурниот мозаик на земјата.

Туминец се наоѓа во областа Мала Преспа, на брегот на Преспанското Езеро, и претставува второ по големина населено место во Општина Пустец.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп не се откажува од планот за Ормутскиот теснец: Иран може да издржи уште неколку дена

Следно

СОС Детско село инвестира во современи методи за подобрување на односот меѓу родителите и децата кои доживеале траума

Latest from Blog

Милеи донесе вонреден декрет по масовните навреди кон Аргентина по Светското првенство

По тешкиот пораз во финалето на Светското првенство, што го поттикна верувањето во Аргентина дека земјата станала цел на бран омраза, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи потпиша вонреден декрет со кој им се

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот
Go toTop