„Театар Куманово“ не доби буџет за реконструкција: Ќе одбележи 75 години со дупки на кровот, провев, распаднати ѕидови, влага, проблеми со глувци, дотраени чиги, небезбедна сцена, скршени столчиња во гледалиштето

February 17, 2023
1 min read

Пред точно пет години, актерите од кумановскиот театар се пожалија пред јавноста оти немаат елементарни услови за работа, а тогашниот објект во кој се продуцираа претставите беше, како што нагласија во распаѓање. Пријатно беа изненадени, позитивно се разбира, од одлуката за целосна реконструкција на зградата во 2020 година која се однесуваше на етапна работа со средства од буџетот предвиден за култура.

Досега, работата течеше непречено и се заврши со втората фаза која вклучуваше поставување на нова електрична инсталација и водоводна мрежа, по што треба да започне третата фаза која вклучува целосно реновирање на кровната конструкција, со вметнување на дополнителен светлосен мост. Но, оваа година, Театар Куманово не е на листата на приоритетни инвестиции и не доби буџет за продолжување на започнатата и толку важна за нас реконструкција на зградата, која како објект всушност вклучува и две основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Петков Мисирков“ и во која, во субстандардни услови се бореше за опстанок овој театар дури седум децении, коментираат актерите од кумановскиот театар.

Се прашуваат и што значи стопирањето на процесот, но и истакнуваат зошто е важно, сега повеќе од било кога „Театар Куманово“ што поскоро да добие своја театарска зграда.

Оваа година „Театар Куманово“ „слави“ 75 години од постоењето како професионален театар, основан на 15.VII.1948. Пред самиот почеток на нужната реконструкција, зградата на театарот беше во целосен распад – огромни дупки на кровот, провев, распаднати ѕидови, влага, не функционално затоплување, проблеми со глувци, дотраени чиги, стара технологија, единствена просторија за гримиорна и читачки проби без прозори и проветрување, небезбедна сцена, скршени столчиња во гледалиштето, итн. Значи, зборуваме за немање не нормални, туку елементарни услови за работа“, се наведува во нивната реакција.

„Театар Куманово“ нагласуваат тие, заслужува да ја добие реконструкцијата за нормално функционирање на институцијата. Но, одлуката за етапно финансирање, како што велат, значи дека процесот може да трае неколку години, дека може да се развлече до недоглед или да се стопира, како што впрочем, ни се случи годинава.

извор: Телма телевизија

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чави го извади Рафиња од игра, фудбалерот збесна, почна да крши столче! (ВИДЕО)

Следно

Обединетите Арапски Емирати испратија 91 хуманитарен авион за погодените во земјотресите во Туркије и Сирија

Latest from Blog

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи
Go toTop