Обединетите Арапски Емирати испратија 91 хуманитарен авион за погодените во земјотресите во Туркије и Сирија

February 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Авионите со помош продолжуваат да летаат од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за погодените од разорните земјотреси што ги погодија Туркије и Сирија на 6 февруари, јавуа Анадолу.

„Вкупно 91 товарен авион досега полетале како дел од операцијата „Витез 2““, објави на Твитер Министерството за одбрана на Емиратите.

Министерството соопшти дека 2.549 тони хуманитарна помош се испратени за помош на погодените од земјотресите во Туркије и Сирија.

Вчера, Новинската агенција на Емиратите, ВАМ, објави дека биле испратени 78 авиони со помош, 44 товарни авиони за Сирија и 34 за Туркије, додавајќи дека овие авиони превезувале 2.107 тони храна, медицински материјали и шатори.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени минатата недела ја погодија јужна Туркије, со епицентар во Кахраманмараш, погодувајќи огромно подрачје населено со над 13 милиони луѓе. Во Туркије животот го загубија над 38.000 луѓе, додека во Сирија над 3.680.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Театар Куманово“ не доби буџет за реконструкција: Ќе одбележи 75 години со дупки на кровот, провев, распаднати ѕидови, влага, проблеми со глувци, дотраени чиги, небезбедна сцена, скршени столчиња во гледалиштето

Следно

Апсења во Центар, Гази Баба и Карпош: Приведени три лица поради дрога

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop