Таткото на Вања останува во притвор

January 22, 2024
1 min read

Одбиено е барањето од одбраната за замена на мерката притвор со куќен притвор за таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен за грабнување.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет“, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд на почетокот од јануари, го продолжи притворот на петмина осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Тројца од нив се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за грабнување на ќерка си, додека еден е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски, кој се наоѓа во екстрадиционен затвор во Турција. 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПО ОВИЕ ЗБОРОВИ ВЕЌЕ СÈ Е ЈАСНО: Ѓорге Давид неколку часа пред сообраќајката се огласил на Инстаграм од автомобилот, овој проблем ја најавувал трагедијата? (ВИДЕО)

Следно

Од утре поскапи горива, Регулаторна го објави новиот ценовник

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop