Таткото на Вања: Ме правеа ретардиран, велеа дека не си го познавам детето, дека можеби се регрутирала во ИСИС…

April 7, 2025
1 min read

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска денеска сведочеше во Кривичниот суд.

Одговарајќи на прашањата на неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ тој раскажа за моментот кога исчезнала Вања, а потоа и за односот на полицијата кон него.

Како што вели, тие биле со сомнеж кон него, тапкале во место од самиот почеток.

„Ми покажуваа слики од девојчиња, дали е тоа Вања. Ме убедуваа дека не си го познаваме детето, дека избегала со некој дечко накај Тетово, дека се решила да избега во Шведска кај другарче од социјална мрежа. Ме прашуваа колку станови имам, на чие име се водат. Колку возила поседуваме. А кога ќе споменевме дека Вања не е отидена по своја волја, пројавуваа дури и агресија кон нас. Имаше еден инспектор Владимир се викаше. Беше задолжен за распит на децата. Ми покажа една слика од девојче. Бевме во мојата кола, а се враќавме од станот на мајка ми. Сакаа да го видат и тој стан. На одговорот дека тоа не е Вања на сликата ми се развика дека не сум можел да го препознаам сопственото дете, каков татко сум бил. Потоа ја праша и Зорица“, вели Ѓорчевски.

Како што додава, од компјутерот на Вања дознале за разменување на мислења околу Библијата и Куранот со другар, по што го убедувале дека се регрутирала за ИСИС и отпатувала во Шведска.

„Еден од инспекторите Кире, на долгочасовните состаноци во полициска станица Центар, на кој бев со Зорица и Миња, ми се пушти дека само јас сум викал дека Вања е киднапирана. Тогаш можеби го навредив и со повисок тон му се обратив со зборовите „Киднапирана е Кире, киднапирана е”. Не по своја волја скршнала од патот“, сведочеше Ѓорчевски.

Ѓорчевски потоа објасни и за инспектор по име Музафер кој чудно се однесувал.

„Ми рече ајде да се повозиме. Ме правеа ретардиран, а да не зборувам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Но што да правиш. Кај ги молиш да ти го најдат детето, реков во ред, како ќе кажеш. Рече ќе одиме на Водно. Демек Вања сакала да не казни, се сокрила на Водно, запалила оган и чекала да помине време. По 15 минути рече да се спуштиме кон хотелот. Исто и таму прошета и се врати и после во судницата даде исказ како јас сум бил незаинтересиран и не сум ја барал Вања зошто сум знаел што се случило со детето“, рече Ѓорчевски.

Тој во своето сведочење истакна дека и мајката, Зорица била избезумена, па се труделе да глумат смиреност заради другата ќерка Миња.

Како што вели, Зорица комуницирала со медиуми, а се јавувале и јасновидци кои барале облека од девојчето за да им кажат каде е.

„Со еден збор, лудило“, додаде Ѓорчевски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“, поетот што ја допре душата на народот

Следно

Протести во Дамаск поради израелските напади врз Палестинците

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop