Таравари: Собранието на Алијанса може да ја потврди одлуката за самостоен настап или да донесе поинаква одлука

January 25, 2024
1 min read

Алијанса за Албанците мора конечно во текот на следната недела да одлучи како ќе се позиционира на мајските избори. Ова го најави првиот човек на партијата Арбен Таравари кој рече дека ќе ја почитува одлуката на партиските органи, каква и да е таа.

„Имаме одлука на раководството на партијата која е актуелна, но Собранието може да донесе друга одлука што мора да ја донесеме заедно. Што се однесува до претседателството, ние  кажавме и не го криевме ставот. Немаше член на Алијанса на Албанците  што не кажа дека имаме одлука од пред 3-4 месеци каде кажавме дека сами одиме на избори. Но, ќе ги видиме околностите, ќе ги слушнеме и препораките и на крајот ќе се донесе дефинитивна одлука на Собранието, можеби  иста но може и поинаква. Ја почитувам одлуката на партиските органи, па што и да одлучи Собранието ќе постапам соодветно“, рече Арбен Таравари, претседател на АА.

Но, поранешниот прв човек на Алијанса за Албанците и актуелен претседател на Централното собрание Зиадин Села рече дека не се осмелува да зборува за што ќе се разговара и одлучува во Собранието. Села рече дека Собранието разговара за темите предложени од претседателот на партијата без да нагласи дали АА ќе одлучи или не на тој состанок како ќе се настапи на  изборите. Самиот е на став дека треба да се натпреваруваат сами.

„Кога се ближат изборите мора да се свика Централното собрание. Имавме средба и на централното раководство на која разговаравме на оваа тема и во моментов имаме само една одлука, а тоа е одлуката на централното раководство Алијанса за Албанците да оди сама на избори. И во оваа дебата можам да кажам дека некаде околу 90% од учесниците, членовите на централното претседателство, се согласија со оваа одлука што ја донесовме“, рече Зиадин Села, претседател на Централното собрание на АА.

Дали Арбен Таравари, претседателот на партијата го дели ова мислење?

“Секако, тој ја водеше средбата на централното раководство“, додаде Зиадин Села, претседател на Централното собрание на АА.

Неофицијално се тврди дека во партијата имало поделени ставови – дали ќе се позиционираат со партиите од албанскиот опозициски блок, ќе се натпреваруваат заедно со таканаречениот европски фронт или ќе се натпреваруваат сами./Алсат.мк

Фатлуме Рушити

 

 

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат овие светители

Следно

Мирен и масовен протест на учениците и студентите во Атина против приватните факултети

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop