ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ПОЧНУВА НА 29 АПРИЛ СО АМЕРИКАНСКИ ПЕРФОРМАНС И ПРЕМИЕРА НА ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД „ИДЕНТИТЕТИ“ НА РИСИМКИН

April 26, 2025
1 min read

Дваесет и првото издание на Танц фест Скопје ќе се одржи од 29 април до 13 мај, а отворањето ќе биде во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот, на Светскиот ден на танцот. На отворањето традиционално ќе биде доделена наградата „Менада“ што годинава ја доби балерината од Франција Роксан Стојанов, која лани беше прогласена за Ѕвезда на Париската опера. Потоа ќе има краток перформанс на Универзитетска компанија за танц од Санта Барбара, Калифорнија.

Организаторот ја најавува премиерата на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што ќе се одбележи 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на кореографката Рисима Рисимкин, која го основаше Танц фест. Во февруари Рисимкин беше одликувана со престижното француско признание Витез од Редот на уметностите и книжевноста на Франција за нејзиниот значаен придонес во развојот на современиот танц и културата.

Оваа година, Танц фест Скопје го става фокусот на врската помеѓу танцот и технологијата преку повеќедневна интерактивна поставка во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија.

Како и секоја година, Фестивалот дава фокус на домашните и младите уметници, кои оваа година ќе ги претстават соработките со Скопје танцовиот театар: „Вортекс – Одисеја“ и „Мокументари“ на Адријана Данчевска-Ровчанин,  „Exo на баронот“ на Дејан Битровски; како и соработката со кореографката Џилда Цесарио од Италија, „Несовршен превод“ .

Фестивалот ќе биде затворен на 13 мај со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ (Myselves) на Кеј-данс (K-Dance) од Франција, пионери во спојувањето на современ танц и дигитална уметност.

„Оваа уникатна изведба ја истражува врската помеѓу танчерот и неговите повеќе ‘јас’, инкорпорирајќи автономни и непредвидливи визуелни и звучни ефекти, кои ги пресликуваат емотивните и психолошките состојби на танчерот преку сензори за движење и оптичка анализа. Поддржан од Интерарт и Францускиот институт во Скопје, овој настан носи уникатно уметничко искуство кое ги брише границите меѓу телото, технологијата и емоцијата“, најавува организаторот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Родителите на загинатите малолетници во „Пулс“ велат дека добиле закани дека ќе одговараат

Следно

Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop