Тахири: Курти е докажан антиамериканец, гротескна фигура која на Косово само штети му нанесе

September 5, 2024
1 min read

Поранешната вицепремиерка, министерка за надворешни работи и главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека некоординацијата меѓу премиерот Албин Курти и Соединетите Американски Држави го остави северот на земјата, населен со мнозинство Срби, без суверенитет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тахири за порталот „Газета Блиц“ изјави дека Курти е „докажан антиамериканец“ и дека од доаѓањето на власт му нанел само штети на Косово.

„Некоординацијата на Курти со Американците (за дејствијата) на север резултираше со негов стратешки неуспех, оставајќи го северот без суверенитет, каде што не работат ниту косовските судови, ниту општините, освен полицијата, која не е комплетна, бидејќи нема припадници на српското малцинство. Последиците за Косово ќе траат до неговото заминување, а најголемиот срам е што тој не се однесуваше како премиер, туку како гротескна политичка фигура која врши еднострани дејствија на север и потоа, кога е во неволја, ги моли Американците и КФОР да го бранат северот“, рече Тахири.

Според неа, Курти му нанел голема штета на Косово.

„Денес Косово е изолирано, оштетено, напаѓано и казнувано од главниот сојузник, Америка, која нé направи слободна и независна земја поддржувајќи ја нашата борба за независност“, рече Тахири.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Тампон зоната може да се протега до Полска

Следно

Проблематична себепромоција на Филипче: Освен дека работи, јавноста дозна и која е пациентката која има здравствен проблем

Latest from Blog

Керолајн Гилби MW: меѓународното искуство се сретна со македонското семејно винарство

Реномираната британска Master of Wine со долгогодишно искуство со вината од Источна Европа и Балканот посети пет македонски семејни винарии. Македонското семејно винарство доби значајна можност за директна размена на знаење и

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop