Проблематична себепромоција на Филипче: Освен дека работи, јавноста дозна и која е пациентката која има здравствен проблем

September 5, 2024
1 min read

Фотографија на докторот Венко Филипче, кој воедно е и претседател на СДСМ, донесе дилеми и негодувања во јавноста. Тој се пофали со активностите кои ги обавува на неговата официјална страница на “Фејсбук”, под која напиша “Работно”, пишува порталот skopje1.mk.

На фотографијата освен тој, е и негова колешка. Но и име и презиме, датум на раѓање, од пациентката, чија медицинска снимка е отворена на екранот до нив.

Откривањето на лични податоци од здравствен осигуреник (пациент), би значело и прекршување на Законот за здравствена заштита. Членот 153, став 2, вели дека професионална тајна се податоците на пациентите. Во член 154 пак се наведува дека прекршувањето на одредбата ќе значи повреда на работниот однос.

Во Законот нема одредби кои овозможуваат овие членови да не важат. Тоа значи дека без разлика дали е од невнимание, негрижа или со дозвола, откривање на медицинска снимка од пациент би било прекршок.

Фотографијата ја виделе минимум 5.000 лица ако се суди според бројот на лајкови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тахири: Курти е докажан антиамериканец, гротескна фигура која на Косово само штети му нанесе

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно

Latest from Blog

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот

Обединетите Арапски Емирати ДИСКРЕТНО ГРАДАТ ВОЕНА БАЗА ВО НЕПРИЗНАЕНА ДРЖАВА

Далеку од очите на јавноста, на работ на Бербера, градежните работи се во полн ек. Крајбрежниот град во самопрогласената Република Сомалиленд, најпознат по своето ново пристаниште, економскиот крвоток на територијата, има уште

Утре нов обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“
Go toTop