СЗО: Масовната вакцинација на децата во Газа против детска парализа ќе продолжи во сабота

February 19, 2025
1 min read

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека во сабота ќе продолжи масовна кампања за вакцинација против детска парализа во Појасот Газа, со цел да се вакцинираат повеќе од половина милион деца.

„Сегашната средина во Газа, вклучително и пренатрупаноста во засолништата и сериозно оштетената водоводна и санитарна инфраструктура и инфраструктурата за одржување хигиена, што го олеснува фекално-оралниот пренос, создава идеални услови за понатамошно ширење на полиовирусот“, се вели во соопштението на СЗО.

Се додава дека големите движења на населението поради сегашниот прекин на огнот најверојатно ќе го влошат ширењето на инфекцијата со полиовирусот.

 Детската парализа е многу заразна вирусна болест која примарно ги погодува децата на возраст под пет години и може да предизвика неповратна парализа на екстремитетите.

Вирусот, категоризиран како тип еден, тип два и тип три, се шири преку контаминирана вода или храна и го напаѓа нервниот систем.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот сателит Турксат 6А успешно го спроведе првото тестирање за пренос

Следно

Уставeн суд: Советот на јавни обвинители вршел дискриминација и незаконски си се самоунапредувале

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop