Негативна историја: Италијански дебакл во Лигата на шампионите

October 15, 2026
1 min read

Италијанските клубови испишаа негативна историја во Лигата на шампионите. За првпат досега, екипите од Серија А забележаа четири порази во едно коло од елитното европско натпреварување.

Во вторникот, италијанскиот шампион Интер неочекувано загуби со 3-4 на домашен терен од белгискиот првак Клуб Бриж. Нераѕурите првпат по 2010 година примија три гола од еден играч на „Џузепе Меаца“. Тоа му успеа на Николо Трезолди, а последен пред него што го направил истото беше Герет Бејл во дресот на Тотенхем.

Ниту Наполи не успеа да избегне пораз. Италијанскиот вицешампион имаше предност, но на гостувањето кај шпански Виљареал загуби со 1-3.

Така, двата тима имаат по два порази во досегашниот тек на сезоната. Во првото коло, Реал Мадрид го совлада Интер со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“, додека Арсенал славеше со минимални 1-0 против Наполи.

Во средата следуваше нов неуспех за италијанскиот фудбал. Комо загуби со 2-3 на гостувањето кај холандскиот гигант Феенорд. Токму тимот на Сеск Фабрегас ја оствари единствената италијанска победа во Лигата на шампионите оваа сезона, откако во првото коло го декласираше РБ Лајпциг со 4-1.

Четвртиот пораз за италијанските претставници во ова коло го претрпе Рома. Волчицата водеше со 3-1 против Реал Мадрид на „Олимпико“, но во драматичната завршница прими три гола по корнери и загуби со 3-4. Претходно, Рома одигра 1-1 на гостувањето кај Фенербахче.

Вкупниот биланс на италијанските клубови во досегашниот дел од сезоната во Лигата на шампионите е загрижувачки, само една победа, едно реми и дури шест порази.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитровски: Со „Energy Community“ ги утврдуваме потенцијалите за обновлива енергија во Битола

Следно

Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен

Latest from Blog

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски
Go toTop