СЗО евакуираше 11 деца болни од рак од Газа во Јордан

December 4, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) евакуираше 11 деца болни од рак од Газа во Јордан, за да го добијат соодветниот медицински третман што им е потребен, јавува Анадолу.

„Придружувани од 20 придружници, овие пациенти се меѓу илјадниците во регионот на кои итно им е потребна медицинска нега надвор од енклавата разурната од војната“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на социјалната мрежа Х доцна синоќа.

Тедрос ја нагласи критичната потреба од медицински евакуации, апелирајќи да се искористат сите расположливи коридори за да се обезбеди безбеден трансфер на пациенти на кои им е потребна медицинска помош.

„Илјадници пациенти низ Газа сè уште имаат потреба од евакуација за медицинска помош која спасува живот“, рече тој, додавајќи дека „мирот е најдобриот лек“.

Хуманитарната криза во Газа сериозно ги попречи здравствените услуги, оставајќи многу пациенти да немаат пристап до итната медицинска нега што им е потребна.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година, убивајќи повеќе од 44.500 лица, повеќето од нив жени и деца, и повредувајќи речиси 106.000 лица.

Во втората година од геноцидот во Газа, Израел се соочува со зголемена меѓународна осуда, а официјални лица и институции ги означуваат нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Следно

Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Победниците на Istanbul Photo Awards: Визуелното раскажување приказни е клучно за разоткривање на суровата реалност

ИСТАНБУЛ (АА) – Визуелното раскажување приказни е важно за расветлување на суровите реалности, изјави палестинскиот фотограф Саид Џарас, кој ја освои наградата за фотографија на годината на овогодинешниот „Istanbul Photo Awards“, известува

АКО 50 ГОДИНИ НЕ СУМ БРОЕЛ ВО СЕДУМ ОСМИНИ, КАКО ДА НЕ СУМ БРОЕЛ НИШТО, РЕЧЕ ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ НА ФАНТАСТИЧНИОТ КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ СО КОЈ ПРОСЛАВИ 50 ГОДИНИ КАРИЕРА

Цела публика беше на нозе кога Влатко Стефановски ја свиреше „Јовано, Јованке“, една од гитарските преработки на македонска народна песна кои ја одбележаа неговата кариера. Легендарниот гитарист со фантастичен концерт сношти во

Маричиќ: Ако долго бидеме надвор од перспективите на ЕУ ја ставаме државата во ризик

Во серијалот интервјуа „Имаме неколку прашања за вас“, овојпат разговараме со Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за европски прашања. Разговараме за актуелниот момент на евроинтеграциите на Северна Македонија и за тоа како се

Шекил О’Нил вложува во европски клуб

Шекил О’Нил е еден од најдобрите центри на сите времиња во светот на кошарката, ретко кој можел да му се мери во сила, а денес е еден од најинтересните стручни коментатори. Поранешниот
Go toTop