Легендата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло ќе работи за Мекларен

June 28, 2025
1 min read

Најуспешниот претседател во историјата на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, сега работи за Мекларен, иако станува збор за матичната компанија на тимот од Формула 1, „Мекларен Груп Холдингс Лимитед“.

Лука, под чие водство Ферари ги постигна своите најголеми успеси во Формула 1, сега е дел од одборот на директори на холдингот, кој управува со тркачката дивизија „Мекларен Рејсинг“ и поседува малцински удел во „Мекларен Аутомотив“.

Назначувањето на Ди Монтеѕемоло доаѓа како резултат на договорот за купување на „Мекларен Аутомотив“ од инвестицискиот фонд од Абу Даби „ЦВИН Холдингс“, а Лука не е единственото ново лице меѓу деветчлениот одбор на директори. Негов колега таму е поранешниот шеф на Јагуар Ленд Ровер и претседател на Мекларен Груп, Пол Волш.

Ди Монтеѕемоло изјави за италијанскиот печат дека неговата нова работа нема никаква врска со тимот на Мекларен во Формула 1 и дека ќе биде повеќе вклучен во ГТ автомобилите и производствените модели на британскиот бренд.

Ди Монтеѕемоло почнал да работи во Ферари во 1973 година како асистент на Енцо Ферари. Во 1991 година, тој стана претседател, а во следните години успеа да ги привлече Жан Тод, Рос Браун, Рори Бурх и Михаел Шумахер во Маранело. Ди Монтеѕемоло го напушти Ферари во 2014 година откако се покажа дека неговиот став за многу прашања се разликува од оној на големиот шеф на ФИАТ, Серџо Маркионе.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: По седум изгубени години – времето на Македонија допрва доаѓа!

Следно

Го убил очувот со багер и веднаш го закопал

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,
Go toTop