СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025
1 min read

Секоја стота смрт во светот е предизвикана од самоубиство, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО) и изрази жалење за недостатокот на напредок во борбата против една од главните причини за смрт кај младите.

„Само во 2021 година во самоубиства животот го загубија околу 727.000 лица“, изјави на прес конференција, Девора Кестел, раководителка на одделот за ментално здравје на СЗО.

Најновиот извештај на СЗО истакнува дека самоубиството е една од главните причини за смрт кај младите луѓе во сите земји и во сите социо-економски контексти.

И покрај глобалните напори, постигнат е многу мал напредок во постигнувањето на Целта за одржлив развој на Обединетите нации усвоена во 2015 година за намалување на стапката на самоубиства за една третина до 2030 година.

„Доколку сегашниот тренд продолжи, намалувањето на стапката на самоубиства за пет години ќе биде само 12 проценти“, рече Кестел.

Глобално, стапката на самоубиства се намали за 35 проценти помеѓу 2000 и 2021 година, останувајќи стабилна за време на пандемијата на коронавирусот и покрај зголемувањето на факторите на ризик, се наведува во извештајот. Овој пад е забележан во секој регион освен во Северна и Јужна Америка, каде што стапката на самоубиства се зголеми за 17 проценти во истиот период.

Речиси три четвртини (73 проценти) од самоубиствата се случуваат во земјите со ниски и средни приходи, каде што живее поголемиот дел од светската популација.

„Самоубиството е драматична последица од одредени проблеми со менталното здравје“, наведува СЗО и истакнува дека повеќе од милијарда луѓе страдаат од вакви нарушувања, најчесто од анксиозност и депресија, а тој број расте побрзо од светската популација.

СЗО е особено загрижена за проблемите со менталното здравје кај младите луѓе, кои особено страдаа за време на епидемијата на коронавирусот и се многу изложени на социјалните медиуми. „Прилагодувањата на клиниките за ментално здравје е еден од најитните предизвици за јавно здравје“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Самоубиството е четврта водечка причина за смрт кај младите луѓе на возраст меѓу 15 и 29 години, по сообраќајните несреќи, туберкулозата и насилството, покажуваат податоците на СЗО.

Психичките нарушувања имаат и сериозни економски последици: високи трошоци за здравствена заштита, но уште повисоки индиректни трошоци, особено во однос на изгубената продуктивност, а СЗО истакнува дека само депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Муртезани на ГАК во Данска: Копенхашките критериуми се јазикот на демократијата и нашата најсилна гаранција

Следно

Помошниот тренер кој го плукна Суарез: Мислев дека ќе ме гризне

Latest from Blog

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без

Николоски: Со Албанија ќе ја зајакнеме заштитата на Охридското Езеро

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, информираше дека денеска во Владата била одржана значајна средба со амбасадори на УНЕСКО, на која се разговарало за приоритетите на Македонија во областа

Божиновска: Зелената транзиција е патот до почист воздух и посилна економија

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје,

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана. Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото
Go toTop